За квалитетен поглед кон ноќното небо, освен добри метеоролошки услови и помало светлинско загадување, не треба многу. Доволен е и почетнички телескоп од поевтината класа, со објектив од околу 100 mm.
Фотографијата на галаксијата Андромеда којашто можете да ја погледнете во прилог на овој текст е направена со рефракторски апохроматски телескоп (со три леќи) од средна класа, William Optics FLT98, со дијаметар на објективот од 98 mm, f/6.3 и ограничување на магнитуда за ѕвездите од 12,4.
Фотографијата е направена од брегот на Беровското Езеро, со помош на модифициран Canon Eos 20D, монтажа: Sky-Watcher HEQ5 наведуван од Lacerta MGEN, а е дело на Радан Митровиќ и Кире Трајковски од Скопското астрономско друштво.