Интернетот е преполн со видеа и вести коишто прикажуваат спонтани експлозии на мобилни телефони, лаптопи, па дури и на ховерборди. Феноменот се должи на одредена термичка реакција којашто може да се развие при одредени услови.
Реакцијата е можна поради самата градба на литиум-јонските батерии што ги напојуваат повеќето технички џиџиња (читај гаџети) во коишто уживаме.
Во следново видео, објаснета е хемијата на батериите што експлодираат, а дава и сосема кус увид во батериите на иднината.
* За тие што не го владеат англискиот јазик, каналот нуди опција за автоматски, машински превод на видеото. Процедурата за вклучување е следна – кликнете врз иконата Settings (запченикот во долниот десен агол) и изберете ја опцијата Subtitles/CC. По ова изберете Auto-translate и од листата со понудени јазици изберете Macedonian.