Рубрика: Астрономија и астронаутика
Јапонската сонда Хајабуса 2 се подготвува за слетување
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 16.08.2018 - 16:45

На 7 август, јапонската мисија Хајабуса 2 (Hayabusa2) се приближи најмногу досега до астероидот Ријугу (Ryugu), извести јапонската вселенска агенција JAXA.

Контролата на мисијата ја промени позицијата на леталото од 20 километри над вселенската карпа на само 6 километри над неа, за потоа да ја спушти на 851 метар над површината,сè со цел да го измери гравитациското привлекување и масата на Ријугу.

Ријугу, со неговата темна површина е вообичаен тип на астероид во Сончевиот систем. Астероидот има дијаметар од околу 1 километар, а на сликите добиени од леталото се забележува дека неговата претежно рамна површинасе забележуваат повеќе испакнувања со различна големина.

Хајабуса 2 беше лансирана кон крајот на 2014 година и пристигна до Ријугу во јуни оваа година. Леталото треба да лансира повеќе лендери, а новите фотографии треба да му овозможат на научниот тим да го избере најдоброто место за спуштање. Крајниот рок за избор на местата е 18 август. Предвидено е и сондата да се спушти на површината и да собере примероци од неа, по што ќе се упати назад кон Земјата, каде што треба да пристигне во 2020 година.

За потсетување, мисијата Хајабуса, претходникот на оваа мисија, прва донесе материјал од астероид на Земјата уште во 2010 година, за што пишувавме во ЕМИТЕР 1/2011 – “Сондата Хајабуса донесе примероци од астероидот Итокава на Земјата”.

Клучни зборови:
Првите фотографии одблиску со астероидот Ryugu

Првите фотографии одблиску со астероидот Ryugu 

Првите фотографии одблиску со астероидот Ryugu

Првите фотографии одблиску со астероидот Ryugu