Рубрика: Психологија
Концентрацијата се зголемува ако ве набљудуваат лоши роботи
Објавено на 16.08.2018 - 12:15

Роботите со човечки карактеристики не се ваш стил? Можеби се ежите од нив? Хм, добрите вести се што не сте единствени. Уште подобрите вести се дека овој став би можел да ви помогне за поголема концентрација при работата, барем ако во канцеларијата имате хуманоиден робот wink

Човеколиките роботи се сè почеста појава и научниците тежнеат подобро да го разберат влијанието и односот на луѓето коишто секојдневно доаѓаат во допир со нив. Во истражувањето објавено неодамна во Science Advances научниците им дале на 58 доброволци едноставен тест за мерење на концентрацијата, при што на компјутерски екран им била прикажана серија од зборови со различни значења и бои. Испитаниците требале да ја идентификуваат бојата со којашто се испишани зборовите. Брзината на нивниот одговор го одредувала резултатот. Учесниците го решавале тестот два пати - еднаш насамо, а вториот пат во присуство на робот којшто стоел на метро и пол од нив и будно ја “следел” нивната работа.

Пред почетокот на тестот испитаниците се запознале со роботот, поставувајќи му серија од претходно договорени прашања. Роботот бил програмиран да одговори позитивно и пријателски или, пак, негодувачки, со негативен тон.

Испитаниците коишто го решавале тестот под будното око на “лошиот” робот, го завршиле тестот порано. За разлика од нив, групата што била “следена” од “добриот” робот, не покажала промена во времето на решавање.

Ова можеби се должи на тоа што присуството на негодувачкиот робот, со карактер на Бендер од "Футурама", ја зголемило будноста и концентрацијата, велат истражувачите. Претходните истражувања покажале дека сличен ефект има присуството на негодувачки луѓе, но ова е прво истражување коешто феноменот го испитува вклучувајќи роботи.

Концентрацијата се зголемува во присуство на лош робот
Клучни зборови:
Човеколик робот во зградата на аеродромот во Минхен

Човеколик робот во зградата на аеродромот во Минхен