Рубрика: Физика
Зошто ништо не може да патува побрзо од светлината? (ВИДЕО)
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 15.08.2018 - 14:45

Во вакуум, светлината патува со брзина од зашеметувачки 300 000 километри во секунда. Ова не само што е брзо, туку е и најголемата брзина којашто физички може да се постигне.

Постулатот дека брзината на светлната е крајната граница што може да се достигне е еден од клучните елементи на Ајнштајновата теорија на релативитетот. Но, зошто е тоа така? Во видеото подолу, физичарот Дон Линколн од Фермилаб објаснува зошто токму брзината на светлината е крајната брзина којашто би можело да ја постигне тело во движење.

 

* За тие што не го владеат англискиот јазик, каналот нуди опција за автоматски, машински превод на видеото. Процедурата за вклучување е следна – кликнете врз иконата Settings (запченикот во долниот десен агол) и изберете ја опцијата Subtitles/CC. По ова изберете Auto-translate и од листата со понудени јазици изберете Macedonian.

Физичарот Дон Линколн објаснува зошто ништо не може да патува побрзо од светлината
Клучни зборови: