Рубрика: Хемија
Што се случува кога живата ќе стапи во контакт со алуминиумот? (ВИДЕО)
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 13.08.2018 - 15:15

Еден домашен експериментатор бара одговори на прашањето како живата реагира со некои метали. Кога живата се меша со алуминиум, се формира легура позната како амалгам. Алуминиумот вообичаено е заштитен со дебел слој од алуминиум оксид. Но, кога тој слој ќе се отстрани, се случуваат  “чудни” работи.

Видеото подолу дава зашеметувачка слика на хемиската реакција меѓу капка жива и парче алуминиум.

* За тие што не го владеат англискиот јазик, каналот нуди опција за автоматски, машински превод на видеото. Процедурата за вклучување е следна – кликнете врз иконата Settings (запченикот во долниот десен агол) и изберете ја опцијата Subtitles/CC. По ова изберете Auto-translate и од листата со понудени јазици изберете Macedonian.

Хемиска реакција помеѓу жива и алуминиум
Клучни зборови: