Шемата на развојот на човечкиот мозок има клучна улога во промената на чувствата за етика и интегритет со текот на времето. Повеќето луѓе во помладата возраст не ја прифаќаат лагата, но со текот на времето таа престанува да биде нешто толку криминално и почнува да се смета за нормална појава.
Научниците од Универзитетот во Чикаго ги испитувале реакциите на мозокот при различни сценарија каде што била потребна етичка оцена. Тие ги анализирале процените на одредени ситуации, направени од децата и возрасните, во врска со постапките на возрасните направени намерно или случајно.
Резултатите покажале дека возрасните во помала мера, во споредба со децата, имаат тенденција да "казнат" некого за некоја неовластена постапка, особено кога таа е извршена случајно. Податоците се собрани врз основа на мислењето на 127 доброволци на возраст од 4 до 36 години.
На учесниците им биле прикажани кратки видеа и во исто време тие биле мониторирани преку томографски апарат. Покрај тоа, била следена и состојбата на зеницата во окото. Вкупно биле прикажани 96 видеа. Се утврдило дека зеницата на набљудувачите се проширува најмногу при гледање скршени предмети или повредени луѓе, без разлика на каква возраст биле набљудувачите. Степенот на активирање различни области во мозокот, сепак се менува со возраста на волонтерот. Додека гледале сцени, малите деца имале најактивна област што е поврзана со емотивниот одговор на социјалните незгоди, додека кај возрасните најголема активност била регистрирана во зоните што се одговорни за вредностите поврзани со резултатите и активностите.