Дури и застрашувачкиот Tyrannosaurus rex не бил имун на паразитите. При анализа на корполитите, коишто претставуваат фосилизиран измет од диносауруси, палеонтолозите нашле показатели за присуство на внатрешни паразити, вклучително и јајца од глисти и тении, но и цисти коишто изгледа биле создадени од модерни амеби. Покрај ова, била пронајдена и мува зачувана во килибар, стара 100 милиони години, којашто во нејзиниот стомак криела паразит сличен на оној што предизвикува маларија.
Ова покажува дека и диносаурусите биле на мета на заразните микроорганизми. Дупките на вилиците забележливи кај некои од остатоците на T-rex можеби се показател за паразит којшто бил причинител на инвазивни чиреви во устата и грлото.
Наодите покажуваат дека за паразитите, големината и силата не прават разлика. За сигурна одбрана од нив потребни се хигиенски навики и услови, а за санирање на проблемите – лекови од современата медицина.