Долгоочекуваното затемнување на Месечината, се случи вчера точно по распоредот и времетрањето коешто беше пресметано од астрономите. Во центарот на Скопје, на плоштадот Македонија, каде Скопското астрономско друштво организираше групно набљудување на оваа спектакуларна појава, имаше навистина многу присутни. Од друштвото беа отворени за сите прашања и информации во врска со настанот.
За жал, облаците коишто цел ден се расејуваа по небото, се натрупаа веднаш по навлегувањето на Месечината во целосната сенка на Земјата, по што поројниот летен дожд нè разбрка сите присутни да се засолниме по околните кафулиња и ресторани. Лошите услови траеа околу еден час, по што небото почна да се отвора. Поради долготрајноста на настанот, сепак можеше да се фати уште малку од целосното затемнување, а потоа и излегувањето на Месечината од полусенката. Овие кратки интервали беа сосема доволни за членовите од Скопското астрономско друштво да го овековечат настанот со фотографии коишто ви ги споделуваме подолу (види галерија).
На настанот на Скопското Астрономско Друштво за набљудување на затемнувањето на Месечината од скопскиот плоштад имаше стотици присутни. Фотографија на Станко Неделковски
(за повеќе фотографии од затемнувањето на Месечината набљудувано од Македонија и во светот, разгледајте ја галеријата под овој напис)
Затемнетата Месечина набљудувано од кејот крај Вардар (лево) и затемнувањето на Месечината фотогрфирано со повеќе експозиции. Обете фотографии се дело на низ објективот на Мартин Стојановски од Скопското астрономско друштво
(за повеќе фотографии од затемнувањето на Месечината набљудувано од Македонија и во светот, разгледајте ја галеријата под овој напис)
Охриѓани, од друга страна, имаа повеќе среќа. Како што ме информираа од Охридското астрономско друштво во охридскиот регион облаците сосема се расчистиле по навлегувањето на Месечината во сенката на Земјата, давајќи им добри услови за набљудување на феноменот. Фотографиите направени од нив се помногубројни, а во прилог ви доставуваме избор од три.
Затемнувањето на Месечината видено од Охрид. Фотографија на Стојан Стојановски (Охридско Астрономско Друштво)
(за повеќе фотографии од затемнувањето на Месечината набљудувано од Македонија и во светот, разгледајте ја галеријата под овој напис)
Освен во Македонија, затемнувањето на Месечината беа во можност да го проследат стотици милиони жители на ноќната страна на планетата Земја, а беше набљудувано и од Меѓународната вселенска станица (ISS).
Затемнувањето на Месечината видено од Скопје. Фотографија на Владислав Гавриловски (Скопско Астрономско Друштво)
Затемнувањето на Месечината видено од Охрид. Фотографија на Стојан Стојановски (Охридско Астрономско Друштво)
На настанот на Скопското Астрономско Друштво за набљудување на затемнувањето на Месечината од скопскиот плоштад имаше стотици присутни. Фотографија на Радан Митровиќ