Рубрика: Медицина
10 факти за... МОЗОКОТ
Автор: Калина С. Андонова
Објавено на 24.07.2018 - 12:15

Човечкиот мозок е најкомплексниот и најнеистражениот дел од човечкото тело. Постојат многу нешта кои сè уште претставуваат непозната за науката. Прочитајте го текстов за да дознаете неколку интересни факти поврзани со него, кои човекот успеал да ги открие.

1. Нервните импулси од и до мозокот патуваат со брзина од 270 километри на час. Дали сте се прашувале како реагирате толку брзо на нештата околу вас и зошто повреденото стапало ве боли во моментот на ударот? Тоа е така заради супербрзото движење на нервните импулси од мозокот кон остатокот на телото и обратно. Супербрзото движење на нервните импулси може да се спореди со брзина на еден луксузен брза спортски автомобил.

2. За да функционира мозокот, потребна му енергија исто толку колку на светилка од 10 вати. Сликата со светилка над главата кога се појавува некоја идеја во стриповите и цртаните филмови не е далеку од реалноста. Мозокот генерира исто толку енергија колку една мала светилка дури и кога спиеме.

3. Во само една мозочна клетка има за 5 пати повеќе информации од Енциклопедија Британика или која било друга поголема енциклопедија. Научниците допрва треба да ја одредат точната количина, но капацитетот на информации во мозокот во електронски термини се смета дека е некаде помеѓу 3 или дури 1000 терабајти. Националната архива на Британија, во која се архивирани повеќе од 900 години историја, целата ја “собира” во околу 70 терабајти!

4. Мозокот користи 20% од вкупниот кислородот во крвотокот. Мозокот е само 2% од вкупната телесна маса на човечкиот организам, а сепак консумира повеќе кислород од кој било друг орган во телото. Заради овој факт, мозокот е подложен на повреди ако му недостасува кислород и за сосема кратко време. Затоа, дишете длабоко, подобро ќе се чувствувате и подобро ќе ви работи мозокот. И вие и мозокот ќе бидете среќни ако мозочните ќелии пливаат во кислород.

5. Мозокот е многу поактивен ноќе отколку преку ден. Логично, би помислиле, дека со сето тоа движење, комплицирани калкулации, задачи и интеракција, на мозокот би му било потребно многу повеќе енергија одошто кога само се лежи во кревет. Меѓутоа, вистината е токму спротивна. Кога вие се исклучувате од сите активности, мозокот се вклучува. Научниците сè уште не знаат зошто е тоа така, но можете да бидете благодарни што по тешката работа ноќе имате пријатни соништа.

6. Поголем IQ – повеќе соништа. Ова веројатно е точно и не гледајте го како лош знак тоа што не можете да се сетите на вашите соништа. Повеќето од нас не го памтат поголемиот дел од она што го сонуваат можеби затоа што просечното времетраење на соништата е само 23 секунди – тоа е толку многу кратко што тешко може да се регистрира, а камоли да се запомни.

7. Невроните продолжуваат да растат во текот на целиот човечки живот. Долго време научниците и лекарите сметале дека мозокот и ткивото на невроните не можат да растат и да се регенерираат. Иако е точно дека тој процес не се случува на истиот начин како кај ткивата на другите делови од телото, невроните можат да растат во текот на животот. Овој факт дал комплетно нова димензија во проучувањето на мозокот и болестите на мозокот.

8. Информациите "патуваат" со различна брзина кај различните типови неврони. Не се сите неврони исти. Постојат неколку различни видови во телото и трансмисијата кај овие различни видови може да биде со различна брзина, кај некои со брзина од 0,5 метри во секунда, а кај други 120 метри во секунда.

9. Самиот мозок не чувствува болка. Иако мозокот е центарот за болка кога ќе се пресечете или изгорите, тој самиот нема рецептори за болка и не чувствува болка! Тогаш зошто не боли глава?! Мозокот е опкружен со многу ткива, нерви и крвни садови кои се осетливи и реагираат кога е болката во прашање и кои можат да ви предизвикаат болно удирање како со чекан во главата.

10. 80% од мозокот е вода. Вашиот мозок не е онаа сива, цврста материја која сте ја виделе на телевизија или како модел по предметот анатомија. Мозокот е влажен, мек орган кој наликува на желе бидејќи мозочното ткиво е полно со голема количина на течност, односно со крв и вода. Кога ќе почувствувате главоболка прво напијте се добро вода, натопете го добро мозокот, можеби болката е затоа што дехидрирал!

Клучни зборови: