Рубрика: Геологија
Живеете во новото геолошко доба – Мегалеан
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 23.07.2018 - 18:15

Добредојдовте во Мегалeанот, нашата геолошка сегашност. Добата е едно од трите новоозначени делови на кои е поделена епохата на Холоценот, којашто го опфаќа геолошкиот временски период започнат пред 11700 години при крајот на последното Ледено Доба.

Најнапред во епохата е поставено добата на затоплување, сега наречено Гренландско Доба. Потоа, пред околу 8300 години, започна Северногрипиското Доба кое се карактеризира со големо ладење на Земјата во временски период од околу 4000 години. Конечно, Мегалеанот започна пред околу 4200 години со катастрофални, 200-годишни суши во светски размери.

Фил Гибард од Меѓународната унија за геолошки науки ги ратификуваше новите геолошки периоди на 14 јуни и објави ажурирана геолошка временска скала на 13 јули. Според него почетокот на Мегалеанот со долготрајните суши довел до сериозен колапс на цивилизациите базирани на земјоделството, предизвикувајќи кризи и бранови на миграции од Кина кон Средниот исток и Индија, каде и се наоѓа областа според која е именувано ова доба. Токму сталагмитите од една пештера во североисточната индиска држава Мегалаеа ги зачувале во себе маркерите според кои може да се види почетокот на новото доба. Геолошки белези за сушите се пронајдени и во други геолошки наслаги и на повеќе археолошки локации ширум светот.

Мегалеанот е првиот формален геолошки временски интервал во 4,6 милијарди години долгата историја на Земјата којшто истовремено започнал и како настан кој поради глобалните климатски промени имал огромно влијание на развојот на културите.

Датотеки за преземање:
* најавете се за да можете да ги преземете датотеките
 
Клучни зборови:
Белегот кој го означува почетокот на новото доба

Белегот кој го означува почетокот на новото доба

Усвоената поделба на Холоценот

Усвоената поделба на Холоценот