ПАП-тестовите се стандарден начин за откривање на евентуален рак на грлото на матката и се задолжителни како превентива во повеќе земји, вклучително и кај нас. Но, кога станува збор за навременото откривање на првите знаци за рак на грлото на матката, расте бројот на докази што скринингoт за инфекција од хуман папилома вирус го ставаат пред ПАП-тестот како средство за рана детекција.
Во големото клиничко испитување спроведно меѓу жените во Канада, ПАП-тестовите почесто ги пропуштале предупредувачките знаци на абнормален раст на клетките во грлото на матката, што не било случај со ХПВ-тестовите. Резултатите од истражувањето се објавени на 3 јули, во стручното списание на Американската медицинска асоцијација ЈАМА.
Во новото истражување, во веќе воспоставената програма за скрининг, кај приближно половина од 16000 канадски жени бил направен ХПВ-тест, а кај остатокот бил правен ПАП-тест. Притоа со ПАП-тестовите на 1000 жени биле откриени 5,5 нови случаи со сериозна абнормалност, односно предканцерозни клетки на грлото на матката, додека ХПВ-скринингот открил 2,3 случаи на 1000 жени. По четири години, поради проверка на пропуштените случаи, кај сите жени биле направени двата теста. Кај ХПВ-негативните жени биле откриени уште три нови случаи на абнормален раст на клетките, по спроведување на ПАП-тестот. Кај жените каде ПАП-тестот не пријавил абнормални клетки, по дополнителните тестирања биле пронајдени уште 25 нови случаи!
И некои претходни истражувања покажале дека ХПВ-скринингот нуди подобра детекција на абнормалните клетки на грлото на матката уште пред тие да станат канцерогени, споредено со ПАП-тестот. Така, на пример, едно истражување од 2009 година пријави помал број на случаи со напреден стадиум на рак на грлото на матката и помалку смртни случаи кај жените во Индија коишто се тестирале за ХПВ. Истражувањето ги поддржа ХПВ-тестовите во посиромашните земји, каде што превентивните скринизи за рак на грлото на матката не се широко распространети. Во светски рамки, ракот на грлото на матката е рангиран на како четврт најчест причинител на смрт кај жените.
Новото истражување укажува на тоа дека тестирањето на ХПВ може да ја зголеми стапката на рано откривање на ракот на грлото на матката дури и во земјите со добро воспоставени скрининг програми, како што се САД и Канада, на пример. Од 50-тите години на минатиот век, бројот на новоткриени случаи на рак на грлото на матката на годишно ниво во САД е во постојан пораст. Американското здружение за канцер проценува дека во 2018 година ќе има 13240 новоткриени случаи и 4170 смртни случаи. Падот првенствено се должи на скрининг со ПАП-тест, при кој со гребење се зема примерок од клетките од грлото на матката коишто потоа се испитуваат за абнормален раст. Но, тестот понекогаш не ги детектира раните знаци за рак.
При спроведувањето на ХПВ-тестот се детектира присуството на вирусна инфекција кај клетките од земениот брис од грлото на матката, слично како и кај ПАП-тестот. ХПВ е најчестата сексуално пренослива болест во САД и е причинител на речиси сите случаи на рак на грлото на матката. Позитивниот резултат на тестот сигнализира потреба за поблиско испитување на цервиксот во потрага по абнормални клетки.
Л. Стјуарт Масад (L. Stewart Massad), гинеколошки онколог од Медицинскиот факултет при Вашингтонскиот универзитет во Сент Луис, која напиша и коментар што ја придружува студијата, препорачува напуштање на ПАП-тестовите во корист на ХПВ-скринингот. Но, преминот кон скрининг-систем којшто започнува со ХПВ-тест ќе бара едукација, како за пациентите и така и за лекарите. "Некои жени кои се во повеќедецениски врски може да се вознемират ако им биде откриена нова сексуално пренослива инфекција, којашто можеби била заработена години претходно”, вели Масад. Од особена важност ќе биде да се истакне дека "целта на цервикалниот скрининг е да се идентификуваат и да се отстранат цервикалните ткива инфицирани од ХПВ кај жените со висок ризик".