Научниците вградиле намагнетизирана железна прашина во силиконската гума за да создадат супстанција што може да се "програмира" со употреба на магнетно поле. Со 3Д-печатење на оваа супстанција во која било форма, употребувајќи и компјутерски модел, истражувачите можат да генерираат широк спектар брзи движења. Материјалот има потенцијал за употреба во роботиката, инженерството и во медицината. Се работи за навистина возбудлив напредок на полето на трансформирачките материјали.
Дали е на повидок создавање на Трансформерите?
* За тие што не го владеат англискиот јазик, каналот нуди опција за автоматски, машински превод на видеото. Процедурата за вклучување е следната: кликнете врз иконата Settings, запченикот во долниот десен агол, и изберете ја опцијата Subtitles/CC. По ова, изберете Auto-translate и од листата со понудени јазици изберете Macedonian.