Рубрика: Автомобилска техника
Второ Тјунинг шоу во Македонија!
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 05.06.2018 - 12:00

По првото успешно организирано Tuning show, тимот на Extreme Power City - Skopje и оваа година организира меѓународен настан, со што јуни дефинитивно станува клучен месец за вљубениците во автомобилизмот во Македонија.

Учесниците на второто Тјунинг шоу ќе се натпреваруваат во категориите Styling, во класите Begginer, Street, Extreme, German, JDM и во Национална класа, и категоријата DB Drag, во класите Mini, A, B, Pro, MAX и во Национална класа.
Целиот настан ќе го движи DJ Mats, а како посебна атракција се најавени групата Анѓели Амстердама којашто ќе изведува sexy car wash.

Регистрациите за учество на шоуто се примаа преку е-пошта на адресата на клубот или, пак, со пуштање приватна порака на фејсбук-страницата на EXTREME POWER CITY, а возилата коишто официјално не се пријавени, нема да имаат можност да учествуваат во натпреварувачкиот дел од манифестацијата.
Tuning Show-то со својата програма нуди целодневна забава, како за натпреварувачите, така и за посетителите.
За повеќе информации за настанот посетете ја официјалната фејсбук-страница на Extreme Power City (тука) и, секако, посетете го Tuning Show no. 2 на паркингот од Арената Борис Трајковски во Скопје

Значи, забележете го настанот на вашиот фејсбук-календар тука и се гледаме на Второто Тјунинг шоу во Македонија!

Клучни зборови: