Рубрика: Енергетика
Off-grid фотоволтаичен систем за коњичкиот клуб Бистра
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 01.06.2018 - 14:45

Фотоволтаиците земаат се поголем замав во нашата држава, како за производство и препродажба кон ЕВН, така и за сопствени потреби, особено на места каде нема довод на електрична енергија.

Заради проблемите што ги имаше од овој тип, коњичкиот клуб “Бистра”, кој се наоѓа во дива природна околина на 3 км пред селото Галичник, се реши на ваков зафат. За таа цел ја ангажира веќе докажаната фирма во оваа област, фирмата Сието од Скопје. За решавање на овој проблем и задоволување на потребите на објектот беше инсталиран систем кој содржи: 12 PV панели од по 270W, 1 Pure sinus инвертор 24/220V, 50Hz – 3000W, 1 Modified sinus инвертор 24/220V, 50Hz – 2000W, 4 регулатори на полнење 24V/30A, 6 акумулаторски батерии 12V/110Ah, 3 DC спојни ормарчиња со осигурувачи и пренапонска заштита, 4 рамки метална носечка конструкција (за 3 Панели) и 60 метри соларен кабел.

Во рамките на клубот има ресторан кој има потреба од напојување на електрична енергија за: 3 замрзнувачи, 2 фрижидера, 2 телевизора, 2 музички система, кафемат и повеќе од 30 светилки. Истиот систем ги задоволи и потребите во помошните простории за живеење на персоналот кој работи.

 

-- комерцијален напис --