Пејпал е најраспространетиот механизам за плаќање преку интернет. Тоа истовремено значи и безбедност и лесна манипулација со кредитни картички, но и лесен трансфер на пари. Служи не само за плаќање роба и услуги, туку и за трансфер на пари. Така што Пејпал сметки може да имаат и физички и правни лица.
Пејпал е сервис којшто овозможува уплата и паричен пренос преку интернет. Самиот сервис започнува како алтернативна метода за плаќање во однос на традиционалната, а во меѓувреме освои голема популарност благодарение на лесното користење и употребливоста во сите аспекти на паричен трансфер – без разлика дали сакаме да купиме роба од некоја странска интернет-страница или сакаме како фирма да платиме некои услуги или да примиме исплата за услуга, или едноставно сакаме на роднините или на пријателите да им уплатиме одреден износ на некоја жиро-сметка. Во 2002 година го купил eBay. За своите услуги, Пејпал наплаќа одреден износ, но не за сите типови услуги. За корисникот се врзува одредена дебитна или кредитна картичка (VISA, Masterkard, Visa elektron, American Ekspress) или некои други, при што корисникот може да бира која картичка или налог ќе му бидат примарни. На тој начин корисникот не води сметка за тоа колку кредитни картички има. Самиот Пејпал разликува три вида на сметки:
Лична сметка – којашто се користи за лична, некомерцијална употреба. Главна нејзина функција е испраќање пари.
Премиер сметка – се користи за приватни работи, за примање и праќање пари. Многу е слична со приватната сметка и може да прими и повеќе износи. Оваа сметка има одредена верификација преку неколку едноставни чекори.
Бизнис сметка – сметка неменета за корисници во работен однос, слична на Премиер сметката, со одредени правни разлики, и во зависност од трансакцијата, има различни тарифи.
За жал, засега PayPal во Македонија сè уште дозволува само трошење на пари, односно да се купува од странски сајтови, но не и исплата на парични средства.