Најнапред за настанокот. Креационистите по убедување веруваат дека нафтата настанала во длабочините на Земјината кора, во услови на огромен притисок кој траел со иладници години, од труповите на животните и растенијата од Големиот потоп. Некои од вас, пак, сметаат дека нафтата своето потекло го води од остатоците на диносаурите. И во обата случаја сте грешка. Нафтата настанала од остатоци на зоопланктони и алги од праисторијата кои “се готвеле” под дејство на огромниот притисок во длабочините на Земјата.
Во почетокот имало трилиони и трилиони тони нафта, но повеќето од оваа количина излегувала на површината на Земјата каде сласно била изедена од некои видови бактерии. Нафтата којашто сега ја употребуваме се вади од под површината на земјата, а нафтените компании секоја година трошат по 150 милијарди долари во просек за изнаоѓање на нови нафтени извори.
Сакате да заштедите на трошоците за бензин, точете ноќе. Имено, при пониски температури бензинот се згуснува, а бензинските пумпи наточеното гориво го мерат според волуменот.
Уште еден совет за заштеда: кога возите држете ги прозорците затворени. Отпорот којшто се зголемува при отворени прозори ја намалува ефикасноста од согорувањето до 10%.
Зависно од видот, бензинот се состои од 150 до 1000 различни хемиски состојки.
Стегнете го “здраво” капакот од вашиот резервоар. Годишно околу 30 галони гориво завршува во атмосферата низ заборавените или дупнати капаци од автомобилските резервоари.
Додека претекнувате нафтена цистерна размислете малку за следново. Цистерната може во себе да има и до 15 000 литри бензин, којшто при судир, ако се запали, може да експлодира со силина на 200 тони ТНТ експлозив.
Во 18. век на Блискиот Исток веќе постоела нафтена индустрија. Улиците на Багдад биле поплочени со помош на катран што се добивал од нафта.
Од друга страна, американските колонисти не го согледале првичниот енергетски потенцијал на нафтата. Кога наидувале на неа тие ја пакувале во шишиња и ја продавале како тоник за подобрување на здравјето. Се претпоставува дека стотици илјади шишиња со нафта биле продадени и испиени на овој начин. Дали оттаму доаѓа и изразот “Што мислиш, пијам нафта?!!” ;)
Инженерите во нафтените компании за испитување на нафтоводните цевки употребуваат роботска направа позната под името “паметна свиња”. Овие направи се појавуваат дури и во два филма со Џемс Бонд - “Дневна светлина” и “Светот не е доволен”.