Стрес е физиолошка и психолошка реакција на човекот на надворешните случувања која ја ремети рамнотежата на функционирање на човечкиот организам. Затоа стресот е проучуван од многу научници и лекари, со цел да биде откриен, намален или елиминиран.
Последиците од стресот се делат на:
Телесни последици: зголемен крвен притисок, главоболка, сушење на устата, зголемен холестерол, чир на желудник, зголемување на шеќер во крвта, стеснување на крвните садови и др.
Психички реакции: несоница, депресија, ниско самовреднување, болести на зависност, слаба концентрација, вознемиреност, емоционална исцрпеност, чувство на забавеност и слабост, расеаност, повлекување во себе и изолација од околината и др.
Американските научници Томас Холмс и Ричард Рах составиле т.н. “скала на вредности на стресни состојби”, која статистички се потврдила во голем мера. Стресните состојби се бодирани од 1 до 100, и врз основа на оваа скала може да се одреди степенот на загрозеност на човечкиот организам.
Смрт на брачен партнер ………………………….. 100 бода
Развод …………………………………………………. 73
Раскинување со саканата личност/пријател ……. 65
Издржување затворска казна ……………………… 63
Смрт на близок роднина/пријател ………………… 63
Сопствена болест или повреда …………………….. 53
Отпуштање од работа ……………………………….. 47
Помирување со партнерот ………………………….. 45
Пензионирање …………………………………………. 45
Грижа за здравјето за член од семејството ……… 44
Зачестени караници со партнерот …………………. 39
Поголеми долгови …………………………………….. 31
Лоша оценка или паѓање на испит …………………. 30
Заминување на дете од дома ……………………….. 29
Значаен личен успех ………………………………….. 28
Измена на услови на живеење ……………………… 25
Промена на лични навики ……………………………. 24
Помал долг ……………………………………………… 17
Промени во навики во спиење ………………………. 16
Диета ……………………………………………………… 15
Празници …………………………………………………. 12
Ако збирот на бодовите е поголем од 150, постои можност стресот да предизвика сериозно заболување. Заштитата е во создавање автоконтрола и самозаштита од стресот. Треба да се гледа на животот со радост и позитивно, да се дружи со семејството и пријателите, да се спортува, да се и релаксира на секој можен начин. Тоа се проверени антистресни механизми.