"Трчај за да ослабеш, за да зајакнеш." "Биди на диета, јади помалку, јади здраво." "Движи се"... Но, пред да ги послушаме сите совети најнапред треба да го запознаеме "непријателот" кој стои меѓу нас и нашата витка става. Па, да се запознаеме одблиску – еве 10 факти за масното ткиво:
1. Луѓето коишто редовно имаат еден оброк дневно во ресторан за двапати го зголемуваат ризикот од зголемување на телесната тежина.
2. Зависно од полот и физичката активност, дневниот внес на калории кај возрасните треба да изнесува од 2000 до 3000 калории
3. Во САД секоја година се трошат 50 милијарди долари на програми за намалување на телесната тежина.
4. Оние коишто ќе изгубат макар 10% од нивната прекумерна телесна тежина може да очекуваат подобрување во нивниот сексуален живот. Уште една работа врзана за репродуктивните системи - зголемената телесна тежина кај жените ги намалува шансите да забременат.
5. Биологијата, исто така, помага во враќање на нормална телесна тежина. Лептин е хормон којшто ја регулира ситоста, а се лачи во крвта од страна на масните клетки. Колку повеќе масни клетки имате толку повеќе имајте лептин во крвта и побргу се заситувате. Сепак, третманите за намалување на телесната тежина со помош на лептин не фукционираат кај навистина дебелите луѓе, бидејќи нивниот организам станал нечувствителен на овој хормон.
6. Со текот на годините 10% од масните клетки во организмот умираат. Сепак, не радувајте се предвреме, бидејќи телото бргу го компензира овој недостаток со нивна замена.
7. Вкупниот број на масни клетки во телото останува ист по полнолетството. Дури и по радикални хируршки зафати за намалување на телесната тежина, како што е шиење на желудникот, бројот на клетките се враќа на првобитниот по само две години. Ако, сепак, се решите за хируршки зафат за намалување на тежината липосукцијата најмногу помага, бидејќи го намалува бројот на масните клетки. Диетите и вежбањето само го намалуваат нивниот обем. Сепак, иако липосукцијата ќе направи да изгледате поубаво, нема да се чувствувате поздраво, бидејќи ги елиминира масните ќелии само од површинските слоеви на телото, додека они коишто се наоѓаат меѓу внатрешните органи остануваат.
8. Пит Бетјун од Нов Зеланд му даде ново значење на поимот биодизел. Имено, тој за производство на еколошко гориво ја искористил маста од неговото тело којашто ја извадил при зафат на липосукција. Дали е на повидок решавање на двата проблеми одеднаш - нафтената криза и дебелењето во западниот свет? :-))
9. Да. Ова е уште една работа за којашто можете да ги обвините вашите родители. Според истражувањата, дебелината е наследна особина којашто се пренесува почесто од шизофренијата, крвниот притисок и алкохолизмот.
10. Мозокот се состои во 70% од мрсно ткиво.