Google е најупотребуван пребарувач во светот. Тоа е збор што најчесто се изговара во конверзацијата меѓу оние кои користат Интернет и најчесто се типка на тастатурите на персоналните компјутери. Веројатно многумина од вас сте се запрашале што значи тој збор и зошто и како Лари Пејџ и Сергеј Брајан го ставиле тоа име за назив на својот светски познат бренд. Што значи Google се прашував и јас и еве што дознав:
Зборот го измислил деветгодишниот Милтон Сирота, на молба од неговиот чичко, американскиот математичар Едваед Каснер за книгата “Mathematics and the Imagination” од Каснер и Џемс Нојман. Тој побарал од својот внук да измисли име за бројот 10 на стота. Милтон Сирота за бројот 10100 го предложил називот googol. Така googol станува математички термин кој се однесува на 1 (единица) зад која следат 100 нули. По ова следел и предлогот за googolplex – број напишан како единица по којашто следат нули сè дури не ве заболи раката од пишување :) , а Каснер ова математички го изразил како 10googol
Подоцна основачите на Google, Лари Пејџ и Сергеј Брајан, со погрешно спелување на зборот googol дошле до друга варијанта на зборот и тој збор го зеле за име на својот моќен пребарувач. И поимот googolplex не останал неискористен. Така се вика нивната фирма со седиште во Калифорнија.