Рубрика: Омнибус
Добредојдовте во домот на задоволствата од ГРЕЕ
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 22.03.2018 - 17:45

Вчера, 22 март, во свечена атмосфера, ГРЕЕ - брендот број 1 во светот за производство на клима уреди, во Македонија доби ГРЕЕСТОР број 1 во Европа.

Компанијата ГРЕЕМАК ГРУП, во свечена атмосфера и во присуство на бројни гости,  високи претставници  од Амбасадата на Народна Република Кина во Република Македонија, гости од деловната сфера од земјата и странство, претставници на медиуми и јавни личности, отвори ексклузивен продажен салон со извонредно богата понуда на софистицирани технолошки уреди со знакот на ГРЕЕ.

“Горд сум на ГРЕЕМАК ГРУП - нашиот тим во Македонија, кој овие пет години со високо ниво на професионализам, успешно не поврзува со македонските корисници. Посебно сум горд на овој продажен салон кој е не само најголемиот во Европа, туку и единствениот кој има исклучително софистициран приод во уредувањето. Нашите соработници во Македонија, не уверија во високите критериуми  на македонските корисници, верувам  дека познавачите на ГРЕЕ технологијата, но и целата македонска јавност ќе се задоволни од  овој ексклузивен објект. “ – Изјави Џет Лианг – високо позициониран во компанијата како регионален менаџер на ГРЕЕ, кој допатува од дирекцијата на ГРЕЕ што се наоѓа во Ѕухаи  – Народна Република Кина.

Отворањето на ексклузивниот салон понуди повеќе од вообичаените настани од овој тип, како што впрочем и доликува на еден светски бренд. Домаќините на вчерачниот настан, сопствениците на ГРЕЕМАК ГРУП - Горан Вуковојац, Благоја Анчевски и Благоја Парапунов, како и менаџерката Даниела Николовска, навистина се потрудија за незаборавно искуство. Кратко добредојде и пригодни зборови пред вообичаеното сечење на црвената лента, по што следеше впечатлива видеопрезентација за производите на ГРЕЕ, проследена со ритамот на Welcome to the Pleasuredome од Frankie Goes to Hollywood - сосема соодветно, бидејќи производите од ГРЕЕ ќе ви овозможат задоволство и уживање во секојдневните моменти во домот, на работа, насекаде.

Гостите на отворањето беа пријатно изненадени од иновативниот пристап во самата организација на настанот во чие сценарио беше и актерската игра на Драгана Левенска и Филип Миленковски од Македонски народен театар, кои ни доловија кои уреди од гамата на ГРЕЕ треба да ги  содржи еден модерно уреден семеен дом наменет за квалитетен и комфорен живот. 

Освен клима уредите, понудата на ГРЕЕ вклучува и повеќе други производи на бела техника, фрижидери, прочистувачи на вода, воздух, правосмукалки, мали кујнски апарати. Како што беше демонстрирано и во краткиот перформанс на отворањето, овие уреди се обмислено вклучени во шемата на паметните домови, со помош на мобилна апликација која е во постојан контакт со нив. На овој начин, на пример, може да ја проверите сосотојбата со намирниците во вашиот фрижидер пред да се вратите дома или да ја проверите и температурата во домот.

Во рамки на сaлонот е сметен современо уреден простор за домување, опремен со функционални технолошки  софистицирани уреди на ГРЕЕ. Ваквиот концепт на уредување, како единствен во светот на ГРЕЕ го издвојуваат овој ГРЕЕСТОР од се до сега видено,  по што Македонија ќе се истакне на мапата  на ГРЕЕ кој е присутен во 160 земји.

Брендот ГРЕЕ е високо инспиративен, а понудатата на уреди може да одговори и на најпробирливите. Во тоа може да се уверат и сите кои ќе го посетат новоотворениот ексклузивен салон на улица Венјамин Мачуковски, број 6, во Општина Аеродром

Накратко за ГРЕЕ:

GREE Electric Appliance, Inc. of Zhuhai (“ГРЕЕ”) е најголем производител на клима уреди во светот. Денес, еден од три продадени клима уреди во светот е со знакот на ГРЕЕ. ГРЕЕ има голем углед во светот заради квалитетот на своите производи и е единствена марка на клима уреди во Кина со ознака “Светска марка“, доделена од страна на “General Administration of Quality Supervision, Inspection and Quarantine“. Посветеноста на корпорацијата на чие чело е исклучителна жена - ДОНГ МИНЅУ е со фокус  на иновациите како срце на технолошките решенија на ГРЕЕ, од каде што крвотокот ги храни сите производствени процеси, се до крајниот резултат - високо квалитетни производи што се темелат на истражувачка работа.

Во ГРЕЕ со внимание ги конструираат своите производи да оговорат на еколошките и здравствените барања во поглед на потрошувачката на електрична енергија, нивото на бучавост и вградените материјали, со што ГРЕЕ уредите се издвојуваат од уредите на останатите производители.

Клучни зборови:
Од лево кон десно: Горан Вуковојац, Џет Лианг, Благоја Анчевски, Благоја Парапунов и Даниела Николовска

Од лево кон десно: Горан Вуковојац, Џет Лианг, Благоја Анчевски, Благоја Парапунов и Даниела Николовска

Џет Лианг - горд на изгледот на најголемиот Греестор во Европа

Џет Лианг - горд на изгледот на најголемиот Греестор во Европа