Рубрика: Омнибус
Знаевте ли дека ...
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 19.03.2018 - 13:15

Првата ракета на течно гориво истрелана кон небото ја направил Роберт Годард од Масачусетс на 16 март 1926 година. 
Кога би се извадила сета сол од морињата и океаните, цела Европа би била прекриена со слој сол дебел 5 km. 
При кивање човекот може да исфрли и до 1000000 микроорганизми. 
Сината боја има моќ да ја намалува раздразнетоста на мозокот. 
Најкатастрофалниот земјотрес познат досега бил оној што ја погодил кинеската провинција Шенши во 1556 година и однел над 800 000 животи. 
Според сигурните податоци секоја години во светот од 10-12 милиони луѓе се обидуваат да се самоубијат, а од нив над 1 милион луѓе се самоубиваат, а тоа значи дека секој ден има од 1500 до 2000 самоубиства. 
Во Македонија се наоѓаат три ретки минерали од кои двата, лорандит и нежиловит, се наоѓаат само во Македонија и никаде на друго места, а третиот е македонит кој се наоѓа уште во Шведска. Нежиловитот се наоѓа кај селото Нежилово, а лорандитот се наоѓа во Алшар кај Кавадарци и е минерал кој многу погоден за детекција на неутрината од Сонцето, кои со право можат да се наречат единствени информатори за тоа што се случува во внатрешноста на Сонцето, бидејќи за да стигне од центарот на Сонцето до површината на еден фотон би му требале повеќе од милион години, а на неутриното само неколку секунди. 
Единствениот цицач кој може да лета е лилјакот од кои најголеми се т.н. летачки кучиња чиј распон на крилјата изнесува метар и половина и живеат во Источна Индија. 
За разлика од жените, мажите 7 пати повеќе ги погодуваат громови. 
Античкиот јунак Ахил јадел коскена срж од мечки за да не старее. 

Клучни зборови: