Рубрика: Фототехника
Курс за студиска фотографија
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 13.03.2018 - 14:30

Од 28-ми март до 1-ви април во Македонскиот центар за фотографија (Мала Станица) ќе се одржи курс за Студиска фотографија.

Курсот има за цел да им овозможи на учесниците стекнување на професионални знаења и вештини за студиска фотографија (tabletop photography) преку обработка на теоретски содржини и практични вежби. Учесниците имаат ретка можност да работат со високо професионална студиска опрема. Секој учесник добива 4 фотографии А4 и сертификат за успешно завршен курс по студиска фотографија

Цената на курсот е 6800 денари, во што се вклучени 20 работни часа, трошоци за материјали и опрема за работа во студио, а обуката ја држи проф. м-р Роберт Јанкулоски

Распоредот на часовите е следен:

- 28.3.2018 (среда): од 18 до 22 часот (вкупно 4 часа)

- 29.3.2018 (чеврток): од 18 до 22 часот (вкупно 4 часа)

- 31.3.2018 (сабота): од 9 до 14 часот и од 19 до 21 часот (вкупно 7 часа)

и 1.4.2018 (недела): од 9 до 14 часот (вкупно 5 часа)

За следење на курсот единствен услов е да знаете самостојно да ракувате со дигитален фотоапарат.

Рокот за пријавување е 26-ти март 2018, а пријавувањето може да го направите кај обучувачот Роберт Јанкулоски, на мобилен: 070 231 055 и преку е-пошта на следниве адреси robert.jankuloski@gmail.com или makcentarfoto@gmail.com

Клучни зборови: