Студентите од Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и оваа година организираат Студентската конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој – СКЕОР.
По петти пат, студентите на ФЕИТ и стручната јавност низ 50-тина студентски трудови и 7 пленарни предавања од компании и 4 предавања на професори ќе разговараат за енергетската ефикасност и одржливиот развој.
Тридневната конференција ќе биде отворена на 23.11.2017 (четврток) со почеток во 10 часот и ќе трае до 25.11.2017 година (сабота).
Од Организациониот одбор наведуваат дека самата конференција претставува мост меѓу професионалците и студентите кои заеднички работат на наоѓање решенија за одржлив развој и зелена иднина.