Рубрика: Аудио и видеотехника
Голем новогодишен попуст во Алфа Аудио
Автор: Владимир Филевски
Објавено на 21.11.2017 - 00:57

Со задоволство и на ваша голема радост ве известуваме дека од 20.11.2017 започна големиот новогодишен попуст во продавниците на Алфа Аудио. Попустот од цели 40% се однесува на голем број избрани производи од познати светски брендови во аудиотехникага, а меѓу нив и на звучникот Aero 2 на Cambridge Audio.

Британските фирми за звучници вообичаено се во светскиот врв кога станува збор за употребата на најмодерните иновации и технички решенија. Еднa од поновите иновации е таканаречената BMR (Balanced Mode Radiator) технологија – директен потомок на NXT технологијата, што резултира во мал широкопојасен звучник со рамна мембрана. Својствата и предностите на BMR звучниците се уникатни и многу пожелни. BMR звучниците покриваат многу широк фреквенциски опсег, типично од 250 Hz до 20 kHz и притоа имаат екстремно широка дисперзија на високите тонови, иако имаат рамна и релативно голема мембрана. Од друга страна, класичните калотни високотонци од 25 mm на 10 kHz веќе покажуваат драматично намалување на дисперзијата, со што највисоките тонови премногу се фокусирани во тесен сноп. Помалите калотни високотонци од 25 mm се малку подобри во тој поглед, но и тие не можат да се приближат до перформансите на BMR звучниците.
Иако приматот на првичната употреба на BMR технологијата во своите звучници го држи британската фирма Naim со скапата Ovator серија на звучници, Cambridge Audio е првата фирма која направи такви звучници со “нормална“ цена. Нивниот модел Aero 2 содржи класичен нискотонски звучник од 6,5 инчи (16,5 cm) и мал BMR широкопојасен звучник со рамна, кружна мембрана со дијаметар од само 46 mm. Навидум скромно, но тоа мало звучниче без никакви проблеми ги репродуцира сите тонови со фреквенции од 250 Hz до 20 kHz. Ваквиот широк опсег гарантира интегрална репродукција на целиот фреквенциски спектар на повеќето извори на звук, со што целиот звучник се приближува кон идеалниот точкест извор на звук. Сите респектабилни списанија за hi-fi беа преполни со пофалби за звукот на Aero 2, на што и јас би се приклучил. Звукот на Aero 2 би го опишал како многу природен и неутрален во целото среднотонско и високотонско подрачје, со неверојатна смиреност во репродукцијата, особено кај високите тонови – нешто што е вистински мелем на рана за напорните и остри високи тонови карактеристични за голем број на аудио материјал запишан на CD, а присутен и кај поевтините CD плеери. Со Aero 2 можете со часови, без никаков напор, опуштено да се посветите на слушањето музика.

Сите модели од производниот програм на Cambridge Audio можете да ги видите и чуете во продажниот салон на екслузивниот застапник Алфа Аудио во стариот трговски центар Капиштец, локал 12.
Повеќе информации за сите производи достапни со попуст од 40 % има на следниов линк тука