Нациoналната асоцијација на пронаоѓачи на Македонија (NAIM - National Association of Inventors of Macedonia) организира нов Меѓународен саем на патенти, пронајдоци и иновации. Под името ИНОВАМАК 2017, саемот ќе се одржи од 21 до 23 ноември во Домот на АРМ, Скопје. На саемот ќе бидат претставени пронајдоците и иновациите од Кина, Малезија, Руската Федерација, Романија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија и од други земји. Се разбира, македонските иноватори се добродојдени да учествуваат – саемот ИНОВАМАК 2017 им обезбедува бесплатен простор на сите кои до 17 ноември 2017 ќе се зачленат во Друштвото на пронаоѓачи “Михајло Пупин” (кое е член на асоцијацијата NAIM). На адресата dpatu_mihajlo_pupin@yahoo.com испратете писмо со желба за зачленување во Друштвото на пронаоѓачи “Михајло Пупин“, заедно со основните податоци: име и презиме, година на раѓање, телефонски број и адреса на живеење. Годишната членарина е 50 денари.