Престојот во кафе-баровите и рестораните не би бил она вистинското, ако нема музика што тече во позадината. Најчесто изворот на звукот се звучници со кабинет направен од пластика, но вистинските познавачи на добриот звук не признаваат ништо помалку од дрво или некој негов дериват (медиапан, шперплоча итн.). Звучниците Ecler Awak 108i се висококвалитетни звучници наменети за озвучување на кафе-барови, ресторани и ноќни клубови, со кабинет од медијапан обоен и заштиен со полиуретанска боја отпорна на надворешните атмосферски влијанија и температурни екстреми. Зад дебелата метална мрежа монтирани се еден моќен бас/среднотонски звучник од 8 инчи (20,5 cm) и еден неодимиумски високотонец. Осетливоста е натпросечна – дури 93 dB/1W/1m, а препорачаната моќност на засилувачот е до 250 W/8. За разлика од инфериорните звучници за озвучување чии „свртници“ се состојат само од едно кондензаторче за високотонецот, кај Awak 108i е вградена вистинска свртница со два калема и еден MKT кондензатор, плус заштита од преоптоварување. Димензиите на кутијата се 26x39x27 cm, а тежината е 7,9 kg.
Звучниците Ecler Awak 108i во можете да ги купите со 25% попуст за време на специјалниот ноемвриски попуст, кај ексклузивниот македонски застапник Алфа Аудио, во стариот трговски центар Капиштец, локал 12. Контакт телефон (02) 320 9 320, или посетете ја нивната веб-страница тука