Согласно предвидениот термин во периодот од 25 до 29. 7. 2017 се одржа Европското првенство за јуниори во категоријата Ф-1-А, Ф-1-Б, Ф-1-П во Прилеп. Навидум рутински, но сепак организаторот вложи максимални напори овај натпревар да е на висина и да се оправда довербата. Имено во десегашниот период се организирани многу Светски Купови за јуниори и сениори, а минатата година и Светско првенство за јуниори во категоријата Ф-1-А, Ф-1-Б, ц Ф-1-П. Сепак секој натпревар има свои специфики, па организацијата на натпреварот беше темелно подготвувана и се се заврши во најдобар ред.
Овoј Европски шампионат се одржа во организација на Воздухопловната федерација на Македонија, Моделарскиот клуб “Фил Феникс” и секако градот домакин Прилеп.
Според информацијата која ја добив од страна на организаторот настапија 80 натпреварувачи од 19 земји од европскиот континент, максимално подготвени за максимални резултати. Дел од учесниците пристигнаа порано и зедоа учество на натпреварот Prilep Trophy со што ја искористија приликата да го запознаат и теренот и на него да се прилагодат, иако за воља на вистината на поголемиот дел од нив теренот им е познат од учеството на Светското првенство за Јуниори во 2016-та година.
Согласно процедурата првиот ден беше искористен за свечено отварање на Европското првенство и извршување на техникчи преглед на моделите со кои се натпреваруваа моделарите. По утврдениот преглед секој модел доби етикета и број со кој се докажуваше нивната точност и дозвола за настап за натпревар.
Веќе наредниот ден, како по обичај, се одржува натпревар во категоријата Ф-1-А која е со најмасовно учество на натпреварувачи и претставува вистински предизвик за натпреварувачите и организаторот. После одржаните 5 турнуси дури 7 натпреварувачи остварија максимален резултат. Согласно правилникот се одржува додатни летови така наречени Fly Off . По одржаните додатни летови најдобар резултат постигна Мартин Бенцик од Словенија со освоени 396 секунди и исто толку поени, пред Алексеи Корошев од Русија со освоени 392 секунди и Саги Брудни од Израел со освоени 367 секунди. Во екипна конкуренција пласманот беше следен: Прво место освои екипата на Израел, пред екипата на Франција и екипата на Русија.
Македонката јуниорска репрезентација настапи со 3 натпреварувачи Анастасија Пожарска се пласира на 39-тото место, Бојан Ангелов 41-ви и Александар Пацарски 44-ти во конкуренција од 45 натпреварувачи. Скромно, но искра на надеж за младите кои доаѓаат.
Во категоријата Ф-1-Б модели со растеглив гумен мотор, настапија 31 натпреварувач од 13 земји. Се водеше долга и крајно неизвесна битка за освојување на првото место и Европски Шампион за јуниори, а дури 7 натпреварувачи остварија право на учество во Flay Off. После остварениот лет останаа само 6 натпреварувачи за додатен Fly Off Сепак конечно се одреди победникот со најдобар лет, а тоа беше Бојан Гостојич од Србија со лет од 472 секунди пред Себастијан Јакел од Германија со освоени 367 секунди. На третото место се пласира Омри Села од Израел со освоени 355 секунди во додатниот конечен лет. Според кажувањата на присутните и првопласираниот Бојан Гостојич, времето било турболентно а за време на одржувањето на втората серија времето било идеално при што освои дури 100 секунди подобар лет од второласираниот.
Натпреварувачот од Македонија Александар Цветановски оствари пласман на 29-то место со солиден резултат и надеж за понатамошни подобри резултати.
Екипно првото место го освои Република Чешка пред екипата на Германија и трето место освои екипата на Латвија.
На ден 27.7. 2017 се одржа натпреварот во категорија Ф-1-П, модели со мотор со внатрешно согорување.
Како што и се очекуваше главни фаворите беа моделарите јуниори од Русија и токму меѓу нив се одвиваше Fly Off битката за прво место. Во конкуренција од 12 натпреварувачи првото место го освои Максим Полиаков од Русија пред Илија Трапезников исто така од Русија, додека третото место му припадна на натпреварувачот од Полска Михаил Крежел.
Екипно, првото место му припадна на моделарите од Полска пред Русија и третопласирани беа моделарите од Украина.
Секако на крај имаше и рангирање во генерален пласман при што Полска го освои првото место пред Русија, додека третопласирани беа моделарите од Украина. Македонија го освои 11 место од вкупно 19 земји учеснички што го сметам за солиден пласман.
На крај морам да истакнам дека ова беше извонреден квалитетен моделарски натпревар како по резултати, така и во организациоска смисла. Уште во почетокот на 2017 година се направи агенда за подготовки за натпреварот и се искористија искуствата од одржаните натпревари во минатите години. Како Директор на натпреварот КУП Битола во чиј склоп се одржа и Државното првенство за јуниори и сениори во категорија Ф-1-А имав јасна слика за формата на натпреварувачите . Веќе на наредниот Светски куп се овозможи да се коригираат одредени ситни недостатоци, па Европското првенство се оджа во извонредна подготовка на извонредниот терен на аеродромот во Прилеп. Директорот Здравко Тодоровски, менаџерот и останатиот помошен персонал беа на висина. Стручното жири и немаше многу работа поради извонредната дисциплина на натпреварувачите. Информациите кои ги добивам од Словенија посебно ме радуваат со тоа што направија величествен дочек на Европскиот шампион во категорија Ф-1-А што е огромен стимул за младите да продолжат со несмалено темпо кон подобри резултати. Анализи допрва ќе се прават за понатамошните натпревари и секако за уште подобра организација на натпревари од светски и европски ранг во воздухопловно моделарство.