Како и минатата година и оваа година во периодот од 3-ти до 5-ти Март, макетарскиот клуб “Мајор Михајло Ивановски – Микс” организира изложба на макети, диорами и минијатури. Изложбата веќе третта година по ред ќе се одвива во просториите на Домот на АРМ. Овој настан како и минатите два (2015-тата и 2016-тата година) ќе има интернационален карактер, а по минатогодишниот голем успех, членовите на клубот решија оваа година за првпат да се оддржи и натпревар во макетарство. Во најава се клубови и поединци од Србија, Хрватска, Бугарија и Грција. Според најавите оваа година се надеваме и на поголемо медиумско покривање на настанот, а воедно расте и бројот на спонзори, што укажува дека настанот веќе е општествено прифатен и како таков ветува голем успех во иднина. Посетителите ќе можат да се запознаат со светот на минијатурата преку делата на домашните и странските изложувачи, како и во директна комуникација со учесниците и членовите на клубот. Очекувањата се огромни, особено во делот на остварување поблиска соработка со образовните институции каде најмладите ќе можат директно да се запознаат со ова благородно хоби.
Агендата на настанот ги предвидува следниве активности:
1. Свечено отворање 3-ти март во 20 часот,
2. На 4-ти март изложбата е отворена за посетители во периодот од 11 до 20 часот,
3. На 4-ти 5-ти март изложбата е отворена за посетители во периодот од 9 до 16,
4. Натпреварот во макетарство, е резервиран за последниот ден од изложбата, 5-ти март. Во периодот од 9 до 11 часот предвидено е пријавување на макетите за учество, од 11 часот до 14 часот е предвидено судење, а во 16 часот затворање на изложбата и натпреварот со доделување на награди за најуспешните.
Марјан Трајков, потпретседател на МК “Мајор Михајло Ивановски – Микс”