Рубрика: Архитектура и градежништво
Со ТермоСтоп и до 50% заштеда на енергија
Автор: Сашко Таневски
Објавено на 21.12.2016 - 21:13

Македонската компанија Металотехника Прилеп, поддржана од Фондот за иновации на Р. Македонија создаде иновативен висококвалитетен термоизолациски производ “ТермоСтоп”. Производот е издработен со примена на нанотехнологија според најновите истражувања на врвни домашни експерти За ова повеќе тука
Станува збор за еколошки производ, чие производство не доведува до загадување на животната средина, а чија ефикасност ги надминува сите досегашни стандарди. Овозможува заштеда од 30 - 50% од потрошувачката на енергија во објектите каде се поставува, во период од најмалку 15 години.
Иновацијата на Металотехника Прилеп, термоизолацискиот материјал “ТермоСтоп” претставува течна композиција на водена основа, која се состои од синтетички каучук, акрилен полимер и неоргански пигменти, а во чија структура се вградени вакумирани керамички микросфери и празни силиконски сфери. Оваа исклучителна комбинација на изолациони материјали и единствена структура го прават овој материјал лесен и еластичен. Се нанесува на метал, бетон, цигла и на речиси сите подлоги за подови, ѕидови, покриви, пароводи, топловоди, канали за климатизација итн. Идеално за премачкување на резервоари за нафта и мазут. Се користи како за фасадни ѕидови така и за внатрешни ѕидови, но и за подови како основа пред нанесување подно греење. Може да има примена во станбени објекти, а подеднакво и во индустриски капацитети, а таму кадешто се поставува овој производ не се појавува кондензација или мувла. Еден до два милиметри дебелина на нанесен слој од оваа изолација заменува 50-70 милиметри од класична изолација. Може да се нанесува и во зимскиот период, на температура до -5°C, под услов да не замрзнува производот, бидејќи е на водена основа.