Македонија, во вторник, ќе живее со балканскиот караван автомобили на шведската компанија Volvo Cars. По овој повод, македонскиот дистрибутер на Volvo, Ми-Да Моторс Скопје организира хепенинг на кој граѓаните и фановите може да возат тест возила на најновата гама екслузивни Volvo возила.
Настанот ќе се одржи на 20.9.2016 (вторник) на платото пред трговскиот центар Скопје Сити Мол од 13 до 19 часот. Караванот го сочинуваат осум возила од палетата на Volvo и се организира со цел, на една место и во неформална атмосфера, да се претстават различните видови возила на шведската компанија Volvo Cars.
“Разновидноста е претставена со седан, караван и SUV изведби од опсегот на модели од линиите 40, 60 и 90. Дополнително, различните агрегати, како хибридниот погон и најновите генерации на бензински и дизел мотори, ја надополнуваат уникатноста на оваа флота на Volvo возила. Разноликост која, со гордост, ја презентираме пред нашите фанови и сите заинтересирани граѓани“, велат од Ми-Да Моторс Скопје.
Според нив, ова е можност сите да се запознаат со компанијата чии автомобили го носат епитетот “најбезбедни“, компанија првенец во безбедносните технологии и перформансите, како и да го почуствуваат луксузот и префинетоста на Volvo моделите.
“За нас како компанија, луѓето се во прв план, но се фокусираме и кон заштита на животната средина и околината. Нашиот бренд ги возвишува вредностите, кои се незаменливи за нордиските земји, како што се светлината и природата“, дополнуваат од Ми-Да Моторс Скопје.
Volvo караванот во Скопје е дел од балканската турнеја, која веќе беше во Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, а патот го продолжува кон Албанија и други држави.
За подетални информации за караванот и за моделите за пробно возење, следете ги Volvo Cars Macedonia на социјалните медиуми.
соопштение за медиуми