Како што најавивме минатата недела, веќе од денес во е-продавницата на ЕМИТЕР (https://emiter.mk/) се достапни сите наши книги и брошури како електронски изданија, што е особено значајно за оние чии печатени изданија одамна се распродадени.
Да потсетиме за кои книги и брошури станува збор:
ТВ-техника и нејзино сервисирање: Комплетна теорија и пракса. Книга + ЦД + 8 печатени табаци со сервисни шеми и упатства за поправка на преку 150 модели современи ТВ-приемници. Книга-прирачник за сите сегашни и идни ТВ-сервисери.
Микроконтролери за почетници 1: Што е микроконтролер, преглед на најпознатите микроконтролери, детален опис на PIC16F84, проекти за самоградба на програматор и неколку други електронски уреди.
Обработка на аудиосигналот: Книга за уредите за обработка на аудио-сигналот: ревербератори, еквилајзери, компресори, експандери и други процесори кои се користат во студијата и домашните системи.
Акустика на простории: Основна теорија за акустичките процеси во затворени простории, посебен осврт за говорна и музичка акустика, анализа и пресметка на разни видови апсорбери и дифузери, пресметка на времето на реверберација...
Микрофони: Сè за микрофоните: принцип на работа, видови, карактеристики, препораки за избор и примена, кабли, конектори, приказ на познати модели... Брошура за секој сегашен и иден тон-мајстор.
Операциски засилувачи: Основна теорија за операциските засилувачи плус табели со карактеристики на преку 400 типови операциски засилувачи, заедно со изгледот на нивните куќишта и распоредот на изводите.
Сателитска телевизија: Како функционира сателитската ТВ од сателитот до приемникот, како се проектира сателитски приемен систем, како се монтира и позиционира сателитска антена.
Кабелска телевизија: На едно место: сите елементи од системот, начин на проектирање и изведба на главната станица и кабелската мрежа. Задолжително за техничкиот кадар во кабелските телевизии.
За повеќе информации и нарачки погледнете на https://emiter.mk/Content.aspx?idMenu=6
Да потсетиме и дека како електронски изданија веќе се достапни и броевите на ЕМИТЕР од 2015 и 2014 година, а во тек е дигитализацијата и поставувањето на броевите од 2013 година. Разгледајте на https://emiter.mk/Content.aspx?idMenu=5&s=2014,
Во врска со нарачките консултирајте ги следниве упатства https://emiter.mk/Default.aspx?idMenu=0&pid=8