Синоќа во одлична атмосфера во Скај бар, Хотел Русија во присуство на бројните гости и, се разбира, претставниците на Huawei, беше промовиран новиот, долго очекуван, Huawei P9. Ова е првиот паметен телефон кој произлегува од соработката на Huawei со светскиот култен бренд Leica. P9 има двојна камера, што е новина кај паметните телефони, и според производителот ова на корисниците би требало да им овозможи да ги доловат најживописните бои, а истовремено да направат и впечатливи црно-бели фотографии.
Присутните на промоцијата имаа можност да се убедат во повеќе од одличните перформанси на уредот којшто има цел да постави нови стандарди во поглед на фотографијата кај паметните телефони. На настанот беше промовиран и новиот ексклузивен видеоспот наменет за ТВ промоцијата на P9, за чиешто снимање биле ангажирани Хенри Кавил и Скарлет Јохансон, коишто се глобални амбасадори за серијата P на Huawei.
"Ни претставува особено задоволство и чест што за многу кратко време од светската премиера на овој убавец вечерва можеме да го претставиме најновиот модел на Huawei и пред македонската публика. Во соработка со култниот бренд како што е Leica создадовме, можам да констатирам, совршен спој на најновите иновации и извонреден дизајн, при тоа поставувајќи нови стандарди во фотографијата кај паметните телефони со помош на двојната Leica камера, која е лидер во светот на фотографијата повеќе од 100 години", Игор Милановиќ, специјалист за продажба на Хуавеј во Македонија.
“Свесни колку големо значење игра фотографијата кај нашите корисници, не се ограничуваме да соработуваме со најдобрите, бидејќи сакавме да овозможиме професионален и високо квалитетен продукт. Корисниците на P9 сега можат да прават фотографии со неспоредлива јасност, заситеност и автентичност, со мајсторски дизајниран и моќен паметен телефон кој изгледа и се чувствува неверојатно", изјави Игор Милановиќ.
Клучот за надмоќните можност за фотографирање на P9 се наоѓа, како што напоменавме, во дизајнот со двојна камера што овозможува целосна искористеност на моќта на оптичката леќа на Leica, позната по својата прецизност и посветеност кон деталите. RGB сензорот на двојната камера на P9 е специјализиран за снимање на боја, додека монохроматскиот сензор е извонреден во потенцирањето на деталите кај сликата. Двете задни камери на P9 работат во спрега со цел да им овозможат на корисниците создавање на фотографии со супериорни детали, длабочина и боја. P9 е неверојатно осетлив при слаба осветленост, бидејќи двојната камера, гарантира повеќе светлина и фаќање на секој детаљ. Секој P9 уред има одличен дизајн - куќиште изработено од алуминиум од воздухопловна класа, предница на којашто доминира 2,5D заобленото стакло, рабови со внимателно креирани облини.
Верзијата P9 со 32 GB доаѓа во прекрасна и уникатна метална боја, добиена со користење на техники како метално полирање со микронска прецизност што креира проѕирна метална површина. P9 е обезбеден со енергија, поврзување и брзина што денешните корисници ја очекуваат од Huawei. Во неговото срце “чука” новиот Kirin 955 осумјадерен 2,5GHz 64-bit ARM-базиран процесор, а поседува и 5,2 инчен 1080p Full HD дисплеј. Батеријата со 3000 милиамперчасови нуди извонредна подвижност и траење.
P9 нуди нови функции, меѓу кои ја издвојуваме вградената виртуелена тројна антена, наменета за корисници што имаат потреба од стабилна и лесна конекција на мобилна и Wi-Fi мрежа со цел максимално да ја искористат моќта на мобилниот интернет, без разлика каде се наоѓаат. Поседува подобрен сензор за отпечатоци којшто на корисниците ќе им овозможи да ги персонализираат и да ги заштитат нивните уреди, со значително намалување на можноста за измама или случаен пристап до уредот, а истовремено обезбедува брз и безбеден пристап до уредот.
Новиот Хуавеј P9 е веќе достапен на македонскиот пазар.