Рубрика: Астрономија и астронаутика
Воведен курс по астрономија, по 19-ти пат
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 22.03.2016 - 23:03

Скопското астрономско друштво го организира 19-тиот Воведен курс по астрономија кој ќе започне во четврток, на 31.3.2016 г.
Целта на курсот е посетителите да се запознаат со основните принципи и факти од областа на астрономијата, без да им бидат потребни предзнаења од оваа наука. Астрономските термини и објекти ќе бидат претставени преку секојдневни примери, многу слики, анимации, неколку важни равенки и секако, набљудувања со телескопи.
Предавањата ќе се одржуваат два пати неделно – вторник и четврток, во амфитеатарот на Факултетот за електротехника и информатички технологии (ФЕИТ) со почеток од 20:00 часот.
Предвидени се 10 термини, од кои два во Планетариумот при Младинскиот Културен Центар во Скопје.

Повеќе информации може да се прочитаат на astronomija.mk

Клучни зборови: