Вечерва, во 20 часот, ќе биде отворена веќе третта по ред изложба на макети и диорами во организација на макетарскиот клуб “Мајор Михајло Ивановски - Микс” на којашто ќе може да се видат макети и диорами изработени од членовите на клубот, но и од страна на нивните гости.
Новитет оваа година е што на изложбата ќе можете да ги видите и делата на Бранко Путилин, Димитар Делев, Стефан Темелковски и Бранко Стојановски кои изработуваат фигури за Warhammer 40k и Warhammer fantasy, како дел од SF делот на изложбата.Warhammer e table top wargame систем во кој се користат макети(минијатури) на фигури кои играчите сами ги составуваат и фарбаат со разноразни ефекти за да се добие што поатрактивен изглед.
Свое присуство на изложбата имаат најавено и клубови од Белград и Софија. Белградскиот макетарски клуб “Олуј” ќе прикаже голем број професионално изработени макет, а макетарскиот клуб “Стендов моделизам Бугарија” ќе се претстави со макети на дури 10 членови.
Поддржувач на изложбата е ЦОП. Во соработка со нив макетарскиот клуб “Мајор Михајло Ивановски - Микс” продолжува да работи на ширење на макетарското хоби и општо воздухопловниот ентузијазам.
Изложбата ќе биде отворена во наредбите 3 дена од 12 до 20 часот во просториите на Домот на АРМ. Повеќе информации на официјалната фејсбук страница за настанот