На 22 март од 11 до 15 часот во организација на Дарис инженеринг од Скопје е планирано да се одржи семинaр за најновите технологии за громобранска заштита. Еднодневниот семинар е наменет за сите инженери и техничари чија работа, професионална определба или интерес се поврзани со громобранските фаќачи, громобранската заштита и громобранското заземјување. На семинарот планирано е претставување на внатрешноста на најпопуларните громобрански фаќачи Prevectron, Schirtec, ERICO и FOREND и најсовремениот громобрански фаќач VEDA TOTAL со осврт на нивната електроника и функционалност, што според организаторот, е прв ваков случај кај нас. На семинарот ќе бидат изнесени најновите технологии и стандарди за громобранска заштита и громобранско заземјување, со јасни и концизни објаснувања за нивната примена. Содржината на семинарот е конципирана за учесниците да стекнат теоретски знаења коишто се лесно применливи во практиката. Проектантите, компаниите и изведувачите ќе се здобијат со сознанија коишто ќе им овозможат брзо водење низ процесот на избор на опрема и нејзина инсталација во најкусо време, а сето тоа во согласност со соодветните стандарди. Програмата на семинарот вклучува предавања за параметри на молњата и заштита од молња (громобранска заштита), громобранско заземјување, постоечки и најнови технологии на громобранска заштита, VedaCAD - софтвер за проектирање громобрански инсталации, а предвиден е и дел за разговор со учесниците. Семинарот е бесплатен за сите учесници. Заинтересираните своето учество може да го пријават најдоцна до 12-ти март со пополнување на on-line формуларот на интернет страницата на Дарис инженеринг https://daris.mk/ или, пак, со испраќање на податоци (име/фирма/контакт) на електронската пошта: daris@daris.mk со назнака “Пријава за семинар“. Семинарот е поддржан од Фондот за иновации.