Рубрика: Информатика
Интел и Лејди Гага сo омаж кон Дејвид Боуви на Греми наградите
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 17.02.2016 - 19:30

Интел корпорацијата и номинираната за награда од академијата, шест-кратната добитничка на GRAMMY наградaта, глобалната музичка икона Лејди Гага обезбеди музичко искуство налик ниедно друго на 58-мите годишни GRAMMY награди, кои беа пренесувани во живо на CBS. Додавајќи на уникатниот артистички стил на Лејди Гага иновативни технологии од Интел, оваа соработка резултира со диверзитет и повеќеслојно оддавање почит на музичката легенда Дејвид Боуви кој почина пред неполн месец. Овој перформанс ја демонстрираше моќта на технологијата за издигнување на можностите на артистот за креирање на неверојатно искуство на сцената како никогаш досега. Соработката помеѓу технолозите од Интел и креативниот тим на Лејди Гага, произведе специјален хардвер којшто ги употребува Intel Xeon, Intel Core и Pentium процесорите коишто ги задоволуваа високите потреби за кореографијата на осветлувањето, аудиото и проекциските системи во совршена хармонија под контрола на Лејди Гага. Иновативните технологии претставени пред фановите направени уникатно за овој перформанс вклучуваа: 

Digital Skin – Анимиран лик којшто беше разработен за Лејди Гага што и овозможи да добие повеќе легендарни изгледи во секоја изведба во реално време. Најсилните процесори на Интел беа користени за време на развививањето на овој дел од перформансот, прецизно следејќи ги нејзините лицеви движења, додека дигиталната шминка беше адаптирана и прикажана на неа инстантно користејќи проектор напојуван од шестата генерација Intel Core процесори.

Interactive Video – Лејди Гага можеше да контролира како ќе изгледа на прекрасниот и огромен ЛЕД ѕид. Нејзиниот прстен базиран на Intel Curie модулот генерираше ефекти во реално време во склад со нејзиното ротирање и ги анимираше зглобовите и рацете, додека медиа сервери базирани на Intel Xeon процесори генерираа содржини во живо.

Robotics – Убавото rose gold пијано на Гага оживеа со помош на три роботски раце напојувани од Intel Atom процесорите и тие танцуваа како едно со што се додаде неочекуван ефект во движењето на традиционалниот инструмент што не се движи.

Interactive Holograms – Иновативна комбинација на нејзиниот прстен базиран на Intel Curie технологија и материјали за холографски дисплеј беа користени за да и овозможат на Лејди Гага да генерира прекрасен три-димензионален холограм од музичката легенда. За повеќе информации посетете го www.epklink.com/intelgaga, а а еве и дел од перформансот на Лејди Гага на 58-те Греми награди

.

Клучни зборови: