Рубрика: Омнибус
Студентите од ФЕИТ организираат Mесец на претприемништво
Автор: Сашко Таневски
Објавено на 01.02.2016 - 20:49

Студентите од техничките факултети на Универзитетот Св. Кирил и Методиј (Факултетот за електротехника и информациски технологии, Машинскиот факултет, Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство и Технолошко-Металуршкиот факултет), прв пат, ќе организираат и ќе имаат можност да учествуваат на “Месец на претприемништво“.
Во текот на Февруари ќе се организираат неколку предавања, работилници и панел-дискусии, каде млади и успешни претприемачи, со огромен ентузијазам, ќе ги споделат сопствените приказни, совети, искуства и тактики како студентите да ја реализираат сопствената бизнис идеја.
Настаните ќе се одржуваат во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии во наредните три викенди (13 - 14.2.2016, 20 - 21.2.2016 и 27 -28.2.2016) од 12 до 15 часот.
Сите заинтересиран студенти може да се пријавуваат тука
Своето искуство пред студентите ќе го пренесат претставници на компаниите HASELT, Grouper, Modular, Brainster, G6, МКхост, бизнис акцелараторите “Super-Founder” и “NewMan’s Business Accelerator”, здружението за бизнис и претприемништво CEFE и голем број индивидуалци кои се вклучени и се дел од старт-ап сцената во Македонија.
Целта на настанот е да се поттикне претпримачкиот дух кај студентите своите идеи да ги претворат во реалност. Овој настан, преку програмата Еразмус+, во 2017 година ќе добие интернационален карактер со учесници од цела Европа.
Организатори и иницијатори за одржувањето се студенти од Студентски парламент на ФЕИТ, во соработка со домаќинот на настанот - Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии во Скопје.