Интел корпорацијата ја објави достапноста на шестата генерација од семејството Intel Core vPro процесори. Најновите Intel Core vPro процесори се обраќаат на потребите за сигурност и продуктивност на големите бизниси и носат низа иновации во безбедноста, подобрени перформанси и соработки за 2-во-1 уредите, Ultrabooks системите, сè-во-едно уредите и најновите десктоп конфигурации.
Хакерите пронаоѓаат нови начини за пробивање во старите компјутери низ виртуелни влезни врати, крадење на информации за корисникот за да добијат привилегии внатре во организациите. Во моментов, повеќе од половина од упадите кај податоците започнуваат со крадење на ингеренциите на корисниците. Системот којшто го користат постарите компјутери со употреба на лозинки со осум карактери што се менуваат на секои 90 дена функционираше пред една деценија, но софистицираните методи на напади бараат подлабоко ниво на безбедност.
За решавање на ова, Интел даде преглед на нова иновација кај безбедноста наречена Intel Authenticate за бизнисите да почнат внатрешни тестирања и квалификации. Intel Authenticate е хардверски подобренo, мултифакторно решение што ја зајакнува заштитата на идентитетот на компјутерот, правејќи го поотпорен на напади чијасто цел се кражба на идентитетот и информациите.
Intel Authenticate верификува идентитети со користење на комбинација на три отежнати фактори во исто време: “нешто што знаеш”, како личен број за идентификација; “нешто што имаш”, вклучувајќи мобилен телефон; и “нешто што си”, како отпечаток од прст. IT може да одлучи од повеќе отежнати фактори за автентикација што се базирани на компаниски политики и повеќе не мораат да се базираат на тоа вработените да паметат комплицирани лозинки. Intel Authenticate е компатибилен со Microsoft Windows 7, 8 и 10, и е достапен за преглед на корисниците.
Постари лаптопи можат да ги чинат бизнисите 4,203 долари годишно, за секои три компјутери за одржување и изгубена. Новите бизнис компјутери можат да се обратат на оваа потреба со испорачување на до 2.5 пати повеќе перформанси и 30 пати зголемени графички перформанси во споредба со 5 годишен уред, овозможувајќи им на корисниците со многу повеќе продуктивност и моќни бизнис алатки.
Acer, Asus, Dell, Fujitsu, HP, Lenovo, Panasonic и Toshiba лансираат производи спремни за пазарот со новите Интел процесори. Купувачите претпријатија можат да одберат од различните дизајни вклучувајќи ги 2-во-1, Ultrabooks, ултра-тенки куќишта, мини компјутери и се-во-едно десктопи прилагодени за секаква работна средина за да се задоволат потребите на бизнисите од сите големини.
Начинот на кој бизнисите соработуваат во светот се менува, сепак алатките за сала за состаноци не можат да држат чекор со повеќе дисперзирана работна сила. Интел претставува новости за Intel Unite за попаметен и поповрзан начин за среќавање на работното место. Тоа вклучува способности кои на учесниците им овозможуваат да користат дисплеј без адаптери или кабли. Двете лице можат посигурно и полесно да ги видат или да бидат во интеракција со содржини во реално време. Вработените можат веднаш да започнуваат состаноци користејќи нови или постоечки дисплеи и проектори. Автоматското исклучување и интеграцијата со Skype за бизнис им нуди на корисниците поедноставени искуства кај состаноците.
За мали бизниси, Интел нуди Intel Small Business Advantage (Intel SBA), решение кое е лесно за користење и може да им помогне на сопствениците на мали бизниси да ја зголемат и заштитат нивната компанија. Таа им нуди на сопственици на мали претпријатија лесен и централизиран начин за поврзување и споделување на информации во комбинација со автоматси ажурирања на безбедноста и одржувањето. Intel SBA вклучува опции за соработка, како разговор и споделување на датотеки, заедно со безбедносни способности, како УСБ блокатор, за да помогне на малите бизниси во контрола на нивните податоци.
За повеќе вести од Intel на нивниот блог овде
Повеќе за Intel Workplace Transformation тука додека пак за повеќе информации околу достапноста на бизнис производите, посетете ги Right Devices.