Рубрика: Информатика
Интел објави рекорден годишен и квартален приход
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 17.01.2016 - 22:02

Корпорацијата Интел изминатава недела објави годишен приход од 55,4 милијарди долари, оперативен приход од 14,0 милијарди долари, нето приход од 11,4 милијарди долари и заработувачка по акција од 2,33 долари. Компанијата заработила приближно 19,0 милијарди долари готовина од работење, платила дивиденди од 4,6 милијарди долари и искористила 3 милијарди за повторно да купи 96 милиони акции на берзата.
За четвртиот квартал, Интел објави приход од 14,9 милијарди долари, оперативен приход од 4,3 милијарди долари, нето приход од 3,6 милијарди долари и заработувачка по акција од 74 центи. Компанијата заработила приближно 5,4 милијарди долари готовина од работењето, платила дивиденди од 1,1 милијарди долари и искористила 525 милиони долари за повторно да купи 17 милиони акции на берзата.
“Нашите резултати за четвртиот квартал означија силен финиш на годината и беа конзистентни со предвидувањата,“ изјави генералниот директор на Интел, Брајан Крзанич. “Нашите резултати за 2015 година ја демонстрираат еволуцијата на Интел и успешноста на нашата стратегија. Оваа година, ќе продолжиме да го стимулираме растот со поддршка на инфраструктурата за креирање на “смарт“ и поврзан свет.“
Деловната перспектива на Интел може да се најде на intc.com и може да се повторува на јавни или приватни состаноци со инвеститори и други. За дополнителни информации за деловната перспектива на Интел, погледнете го коментарот на главниот финансиски директор на www.intc.com/results.cfm
Интел одржa и јавен интернет-пренос на својата веб страница за инвеститорите на: www.intc.com, каде може да се најде и репризата од преносот, како и можност за преземање во MP3 формат.
Интел ќе поднесе извештај за својата заработувачка од првиот квартал од 2016 година на 19-ти април. Веднаш по ивештајот, компанијата планира да објави коментар на Стејси Џ. Смит, постар потпретседател и главен финансиски директор на: www.intc.com/results.cfm. Јавен интернет пренос на конференцијата за заработувачката на Интел ќе следува во 14 часот по дневно пацифичко време на www.intc.com.

Клучни зборови: