Интел Капитал, глобалната инвестициска и М&A организација на Интел корпорацијата денес, на 3-ти ноември во Сан Диего, на глобалниот самит на Интел Капитал, ги објави новите инвестиции во 10 стартапи со вкупна вредност од 22 милиони долари. Од новите решенија за безжично полнење (Chargifi) до нови, моќни начини за дигитално моделирање на човечкото тело (Body Labs) и повеќе, компаниите се приклучуваат во портфолиото на Интел Капитал како пионерски иноватори низ широк спектар на технологии.
"Со денешните инвестиции, достигнавме 490 милиони долари за оваа година, надминувајќи ги минатогодишните 359 милиони долари.“ кажа Вендел Брукс, корпоративен потпретседател и следниот претседател на Интел Капитал. “Очекуваме да се затвори оваа година со околу 500 милиони долари за финансирање на стартапи – една од најсилните години на организацијата било кога.“
Оваа изјава го отвори овогодинешниот глобален самит на Интел Капитал во Сан Диего. Сега во својата 16-та година, овој настан во индустријата на капитал вмрежува повеќе од 1000 основачи, извршни директори, иноватори и поттикнувачи на промени на два дена разговори, поврзување, учење и инспирација.
"Тоа што го издвојува Интел Капитал од останатите е начинот на кој нашата глобална мрежа ја движи иновацијата низ широк спектар на технологии.“, изјави Арвинд Содани, извршен потпретседател и досегашен претседател на Интел Капитал. “Додека се подготвувам да се повлечам после 35 годишна кариера во Интел, се гордост кажувам дека сме изградиле една од најголемите, најуспешните и највлијателни инвестициски групи на планетата.“
Во своето воведно обраќање, Содани ја претстави првата награда на Интел Капитал за претприемач на годината на Кевин Рид и Родни Роџерс, коосновачи на Virtustream. Оваа награда ги потврдува нивните способности за градење на стартап од гаражата до вредност од 1,2 милијарди долари за помалку од шест години.
Новите инвестиции, коишто доаѓаат од пет држави се за следните проекти:
FreedomPop којшто овозможува мобилни сервиси за никој да не остане надвор од "поврзаната мрежа“. Лансиран во 2012, FreedomPop одново ги пишува правилата во телеком индустријата во Америка, нудејќи им на потрошувачите пристап до брз и бесплатен интернет и сервиси за мобилни уреди во државите.
LISNR е креаторот на Smart Tones, нов комуникациски протокол што праќа податоци преку аудио користејќи висока нечујна фреквенција. Тоа е дигитален звучен фајл кој го претвора секој звучник во нов комуникациски протокол. LISNR е последната компанија од портфолиото што добила инвестиција од Интел Капитал Diversity Fund вреден 125 милиони долари.
Sckipio, лидер во "G.fast" модеми, е првата компанија која објавува и испорачува комерцијални "G.fast" чипсети кои ќе испорачаат до 1Gbp/s брзина преку постоечките бакарни конекции преку "последната милја" до домот.
what3words е наградувана платформа што им овозможува на луѓето да најдат локација попрецизно, полесно и со помалку информации од ГПС или поштенски кодови (што не постојат во многу држави). what3words може лесно да се интегрира во други апликации и претставува голема предност за поголема ефикасност на бизнисите.
Body Labs собира, дигитализира и организира податоци и информации поврзани со обликот на човековото тело, држењето, како и движењето. Нивната мисија е да се трансформира човековото тело во дигитална платформа врз основа на која можат да се дизајнираат, произведуваат, купуваат и продаваат производи.
Microprogram Information е провајдер и нуди решенија за интернетот на нештата со кои се овозможуваат решенија за хардвер и софтвер за информациски менаџмент за изнајмување на велосипеди, такси возила, системи за мобилна продажба и други.
Perfant Technology развива имиџинг и видео технологии за вештачки интелигенции, машини, 3D реконструкција и виртуелна реалност. Новата панорамска камера на Perfant, eyesir, може да се употребува во туризмот, авијацијата, виртуелната реалност, паметни домови, недвижнини, медиуми, венчавки, спортски и други настани.
Chargifi е мрежа за безжично полнење и платформа за подобрување на секојдневните искуства на луѓето. Од кафетерии до хотели, ресторани, канцеларии и аеродроми, Chargifi Spots формира интелигентна мрежа давајќи им на луѓето пристап до енергија за полнење на мобилни уреди кога најмногу им е потребна.
KMLabs е произведувач на компактни, ултрабрзи напредни ласерски системи за истражување и индустриски апликации, вклучувајќи мулти-фотон имиџинг, спектроскопија, ОСТ, THz-generation, CEP, coherent soft X-Ray, микромашини и генерирање EUV пулс. Ова е единствениот комерцијален добавувач на кохерентни "tabletop x-ray laser" извори на светлина. Компаниските фемтосекундни (еден квадрилион од секунда) ласерски системи и Ti:sapphire ласерите нудат досега невидени решенија за индустриска метрологија, имиџинг и карактеризација на материјали.
Prieto Battery е 3D напреден батериски провајдер фокусиран на комерцијализација на патентирана литиум-јонска батериска технологија што обезбедува трансформирачки перформанси за компетитивна цена користејќи нетоксични материјали со можност да се приспособуваат на различни форми. Овие батерии од следната генерација со дебелина на лист хартија, можат да се полнат побрзо и да складираат двапати повеќе енергија од конвенционалните батерии без да се прегреат.
Како дополнување, Интел капитал објави дека Parallel Machines, компанија во ран стадиум, фокусирана на обезбедување на високо-оптимизирани околини за напредни предвидувачки анализи и учење на машини, се приклучува во портфолиото. Компанијата, со канцеларии во Тел Авив, Бостон, Калифорнија и Сиетл, основана во 2014 од страна на познати претприемачи со позадина од дистрибуција на компјутинг, системско програмирање, учење на машините и математички статистики.
За првпат, овогодинешниот глобален самит нуди претставување и на веќе постоечки компании од портфолиото на Интел Капитал кои објавуваат свои нови производи:
• Altia Systems, го демонстрираше PanaCast, првото персонално панорамско 4К видео искуство за Intel Unite со поле од 180 степени што им овозможува на учесниците да се "свртат“ во живо користејќи едноставни тактилни контроли.
• Avogy, производител на Zolt Laptop Charger Plus - најмалиот и најлесен полнач за лаптоп, во споредба со традиционалните тешки "цигла" полначи, кој дополнително овозможува полнење на два мобилни уреди – овој уред ќе биде достапен по 17-ти ноември.
• Braigo Labs, основан од 14 годишен претприемач за да го донесе брајовиот печатач во најсиромашните држави во светот;
• Fortscale, следна генерација "cybersecurity" услуги; претставување на Fortscale 2.0, надградба на наградуваните решенија што резултира со неспоредлива можност за таргетирање и елиминирање на внатрешни закани.
• Two Bit Circus, основан од синот на легендата од Силициумската долина Нолан Бушнел за да ги инспирира младите иноватори преку хај-тек, интерактивни забавни искуства користејќи ја Intel RealSense технологијата.
За детали околу овие нови производи, посетете го Intel newsroom
Овогодинешниот настан вклучува истакнати говорници, како Бет Комсток, потпретседател на GE и претседател и извршен директор на GE Business Innovations; Том Рајли, извршен директор на Cloudera и Падмасри Вориор, советник за стратегија во Cisco.
Глобалниот самит е еминентен настан во индустријата. Овогодинешниот самит собра повеќе од 1000 регистрирани учесници од портфолиото компании на Интел Капитал; глобални партнери и потрошувачи на Интел, како и лидери од индустријата од целиот свет. Овогодинешниот Интел глобален самит е спонзориран од Accenture; Credit Suisse; Gibson, Dunn & Crutcher; IBM; KPMG; Crystal & Company; Владата на Canada; Kingsley Gate; NASDAQ; Needham & Company; Silicon Valley Bank; и TriNet.