Рубрика: Телекомуникации
Радиоаматерски активности со радиоклубот при Советот на Европа
Автор: Владимир Ковачески
Објавено на 26.10.2015 - 15:53

По повод одбележување на 20 годишниот јубилеј од приемот на Република Македонија во Советот на Европа, Радиоаматерскиот сојуз на Македонија во периодот 6 - 13 ноември 2015 година ќе биде домаќин на група радиоаматери членови на Радио клубот при Советот на Европа - TP2CE.
Активностите ќе се одвиваaт од Негорски Бањи каде што членови на Радио клубот Никола Тесла од Гевгелија - Z37Z ќе постават радиоаматерска станица со антенски системи за сите кусобранови опсези и од каде што македонските радиоматери и гостите ќе се огласат во етер со повикувачкиот знак - Z38CE.
За време престојот ќе бидат посетени и повеќе туристички локалитети во нашата земја.