Овој петок, 18. септември 2015, во организација на Електромобилност Македонија ќе се одржи Конференција и Експо за електрични возила. Конференцијата е планирано да се одржи во просториите на Машинскиот факултет во Скопје.
Со овој настан организаторот од една страна има цел да ги собере и да ги претстави на едно место најновите трендови во електромобилната индустрија достапни во Македонија, човечкиот креативен потенцијал и инженерско знаење и од друга страна да даде простор за отворање на дискусија за проблемите со загадувањето кои Македонија ја врбојуваат во врвот на светските листи. Нашето општество за жал сè уште нема системски одговор за овој горлив проблем. Во Европа наголемо се мобилизираат политичките субјекти, приватниот сектор и граѓанското општество преку специфични Договори за енергија и одржлив развој. Сметаме дека е време и овде кај нас да се отвораат прашањата за чекорите кон одржлива иднина на македонската економија и влијанието од неа врз животната средина.
Неопходно е сите чинители од локални самоуправи, академија, влада, министерства, работодавачи и граѓански организации да оформат пристап за поставување и постигнување на цели поврзани со животната околина со краен исход премин кон одржлив енергетски систем.
Овој пристап и крајната негова цел носат економски предизвици, но токму тие пак нудат прилика за вклучување на креативниот потенцијал и инженерското знаење на студентите и дипломирани професионалци во иновации поврзани со заштеда на енергијата во: градежната индустрија, земјоделството, обновливата енергија, преносот на енергијата, транспортниот систем, електромобилната индустрија итн. Овој пристап е само разумен чекор и одговорен однос кон природата и ресурсите кои се користат во производство, а примерите од Европа и глобално ни укажуваат дека не смееме повеќе да го одложуваме системскиот одговор.
Повеќе информации за настанoт како и програмата на конференцијата може да најдете на порталот на Електромоибилност тука