Рубрика: Омнибус
Науката низ бројки 3
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 23.07.2015 - 17:11

500 милијарди пати поголема маса од онаа на Сонцето е масата што ќе ја изгуби нашата галаксија. Еден тим научници од Институтот за астрономија од Кембриџ, употребувајќи го VLT од Чиле преку мерење на брзината на четириесетина ѕвезди кои се меѓу најоддалечените од центарот на Млечниот Пат, ја процениле неговата маса. Притоа тие откриле дека таа се стопила на половина споредено со претходните процени. Ова би можело да објасни зошто може да се најдат толку малку сателитски галаксии.
20% е минималниот процент од светската популација кој бил инфициран од вирусот H1N1 за време на зимата 2009-тата година. Бројката е добиена според податоците од дваесетина земји. Иако немаше огромен број жртви од овој вирус, сепак тој беше широко распространет.
28 години е периодот за којшто кралицата на црвените мравки е способна да ги зачува сперматозоидите што ги примила при нејзината единствена копулација – тврди Дебора Гордон од Универзитетот Стенфорд. Со овој материјал таа ќе ги оплодува јајцата сè до својата смрт, донесувајќи на свет 150 000 мравки.
100 милиони ајкули се убиени секоја година, според Борис Ворм од Универзитетот Далузи во Канада. 6% до 8% од популацијата на ајкулите завршува во рибарските мрежи. Од друга страна, процентот на обновување на нивната популација изнесува 5%, а од таму е и падот на популацијата. Од оваа година, Конвенцијата за интернационална трговија на загрозените видови под своја заштита стави 5 вида ајкули.

Клучни зборови: