Рубрика: Омнибус
Cloud Академијата во Скопје ќе доделува стипендии
Автор: Сашко Таневски
Објавено на 10.07.2015 - 17:26

На единствената и уникатна Cloud Академија која функционира во рамките на New Man’s Business Accelerator во Скопје во тек се уписите за запишување на новите студенти за учебната 2015/2016 година, а можноста потенцијалните кандидати да се стекнат со стипендија важи за сите пријавени кои ќе освoјат најголем број нa поени на тестирањата за прием на академијата. Ќе бидат доделени повеќе стипендии и тоа една која покрива 100% од трошоците за изучување на академијата, 6 стипендии кои покриваат 20% и уште 15 стипендии кои покриваат 10% од трошоците потребни за студирањето.
Во рамките на Академијата сите заинтересирани студенти можат да се одлучат за една од 6-те насоки:
• Развој на веб, мобилни и клауд апликации,
• Развој и дизајн на апликации за игри
• Графички, веб и дизјан на нови медиуми
• Маркетинг, Адвертајзинг и Комуникации
• Моделирање, анимација и визуелни ефекти
• Компјутерски мрежи и сајбер безбедност
Сите програми се во траење од 6 месеци за време на кои студентите се здобиваат со менторска едукација следена од тим на врвни и искусни професори од земјава и странство. По завршувањето на едукативната програма, која може да се одвива во живо или на далечина, по желба на студентот им се нуди можност да бидат дел од т.н. “Boot камп“ програмата која подрaзбира посета на компании, институции, смарт-ап центри или други акцелератори во Европа, Америка или регионот. За време на овие посети покрај запознавање со начинот на работа, размена на искуства и идеи на студентите им се овозможува посебно организирани состаноци за презентација на нивните идеи и проекти (оваа година тие ги посетија канцелариите на Google, Autodesk и NASA). Последната фаза е 3 месечната практична работа во светски реномирани компании кои имаат блиска соработка со Академијата во Европа, Америка или регионот (‎Google, Bilizzard, Jupiter Networks, Rapid7, Fx3x, IBORN.NEТ, Vox Тeneo, DoxOut‬, Modular, Fridgecheck, Tesseract, The KnowBook).‬‬‬‬‬‬
Програмите се реализираат во соработка со искусни ментори од индустријата и компаниите. Оваа академија е флексибилна во однос на времето и локацијата за изучување на програмите и следење на наставата овозможувајќи професионална интердисциплинарна едукација и менторинг процес на млади луѓе со минимум завршено средно образование.‬ Cloud академијата има одговорност да го следи развојот на своите студенти и да им помага професионално да се реализираат. Од особена вредност кај оваа академија е и фактот што и по завршување на наставата на студентите им остануваат на располагање сите материјали, вежби и интеракција до кои и понатаму ќе имаат пристап преку Cloud платформата на знаење, а и понатаму се дел од системот на Cloud Академијата и добиваат информации за различни кариерни можности.
За повеќе информации во врска со уписите посетете ја нивната веб страница: www.newmansba.com или јавете се на 072/ 220 - 191