“АЦДЦ ДЦАЦ“ ДОО е македонска иновативна компанија специјализирана за производство на уреди од полето на повеќестепена пренапонска заштита. Агресивното истражување и имплементација на новите технологии и иновации е постојана заложба на компанијата, формирана во 1994 година од страна на генералниот менаџер Вангел Димановски, a веќе во 1998 година на тимот се приклучува Иван Поповиќ, управител на компанијата, при што компанијата се трансформира во производствена и во нејзини рамки се формираат лаборатории за истражување и развој во делот на електронското инженерство и заштита на електронските уреди. Набрзо се редат успеси на домашниот и на меѓународниот пазар во делот на иновативните решенија за заштита на електрични уреди, како и голем број домашни и меѓународни признанија. Од аспект на иновативноста, “АЦДЦ ДЦАЦ“ ДОО е најнаградувана македонска компанија во последните 10 години, со голем број домашни и меѓународни признанија меѓу кои три Гранд-при награди и пехари од Стопанската комора на Македонија, добиени на Саемот за иновации и технолошки достигнувања “Макинова“ во рамките на Саемот “Tехнома“ во 2003, 2007 и 2010 година; Патент на годината за 2007 година, доделен од Бирото за заштита на индустриска сопственост на РМ; златни медали добиени на меѓународните саеми за иновации во Сеул (2002 година), Белград (2003 и 2012 година), Загреб (2006 година), Брисел (2007 година), IFIA – Белград (2007 година) и Нинберг (2011 година); Најиновативна компанија од технолошки аспект за 2014 година во РМ - признание доделено од страна на Министерството за економија, во организација на стопанските комори од Република Македонија (16.12.2014 година) и последнотоПризнание “Творци на Столетието“ за најиновативна компанија помеѓу првите 10 во Југоисточна Европа (ЈИЕ) (Дубровник 27.3.2015 година). Компанијата “АЦДЦ ДЦАЦ“ е единствен производител на повеќестепени пренапонски заштитни уреди на територијата на Југоисточна Европа и е единствен европски производител на “Осумстепена (8) пренапонска заштита“. Нивниот иновативен дизајн на Интегрирана повеќестепена пренапонска заштита, со вградени 5-патентни решенија, претставува фундаментално подобрување на постојната Пренапонска заштитна технологија. Производите претставуваат заштита на електричните уреди од лошо напоjување, осцилации во електричната мрежа, индуцирани пренапони и атмосферски празнења. Специјално се наменети за заштита на куќи, станови, објекти, фабрики, комерцијални објекти, производствени процеси, медицински установи и софистицирана електрична опрема од секаков вид. Техничките карактеристики и квалитетот на производот ги сврстуваат рамо до рамо со американските и европските бренд-компании од оваа област и моментално претставуваат голем иновативен извозен потенцијал (производ) од висока технологија кој може да го понуди Македонија на меѓународниот пазар. Компанијата „АЦДЦ ДЦАЦ“ ДОО - Скопје е активна членка на Стопанската комора на Македонија и е вклучена во работата на Здружението на металната и електроиндустријата.