Рубрика: Информатика
Интелигенција насекаде... од Интел
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 03.06.2015 - 12:49

Интел Корпорацијата на саемот Компјутекс којшто се одржува во Тајпеј објави производи и решенија кои ќе обезбедат нови кориснички искуства како и проширување во нови области и компјутерски екосистеми. Во текот на отворањето, воведен говор на Компјутекс 2015 одржа Кирк Скауген, постар заменик претседател и генерален менаџер на Intel Client Computing Group, кој го охрабри екосистемот во Тајван за меѓусебна соработка во креирање на иднината на компјутерите.
“Моќта на Муровиот закон е овозможена со неверојатни компјутерски иновации во текот на изминатите 50 години и поради тоа, во иднина ќе можеме речиси сè да пресметаме и поврземе”, рече Скауген. “Нашата 30-годишна историја на соработка со Тајван има дадено историски важни иновации во светот, од персонални компјутери, до клауд и центри за податоци. Во следните 30 години ќе видиме уште поголеми иновации, нови компјутерски искуства и поврзување на Интернетот на нештата (IoT).“. Скауген предвидувајќи ја иднината на компјуерите, укажа на производи и платформи што ќе не однесат на тој пат. Тој, исто така, покажа колку овие иновации ќе ни овозможат интелигенцијата да биде насекаде, наскоро.

Новости за Интернетот на нештата
Интел претстави проширување на Intel IoT Gateway фамилијата на производи. Најновите референтни дизајни нудат широк избор на силикон и софтвер со додавање на Intel Core процесорски базирана платформа и Wind River Intelligent Device Platform XT 3 со флексибилни опции за оние апликации што чинат помалку.
Интел дополнително го прошири и изборот на оперативни системи за Intel IoT Gateway референтните дизајни со Ubuntu Snappy Core од Canonical. Ова се надоградува на сегашната достапност на оперативен систем од Microsoft и Wind River.
Специјално за IoT решенија, трговски и медицински околини, Интел ги објави Intel Pentium, Intel Celeron и Intel Atom процесорите. Со извонредна графика, процесорите се специјално направени за IoT и нудат седум годишна достапност.

Новости за нови компјутерски платформи и искуства
Intel Unite беше воведен како ново ефективно бизнис решение дизајнирано за лесна и интуитивна работа како и за подобрување на продуктивноста. Со Intel Core vPro процесорски – базираниот мини компјутер во конференциска соба и Intel Unite апликацијата која работи на уредите, постоечката конференциска соба се модернизира и трансформира во паметно и поврзано место за состаноци со зголемена безбедност.
Како најголем напредок уште од создавањето, Thunderbolt 3 овозможува една компјутерска порта да се приклучи доThunderbolt уреди, секој дисплеј и милијарди УСБ уреди. За првпат, еден кабел може да обезбеди четири пати повеќе информации, и двапати повеќе “video bandwidth” од било кој кабел, истовремено напојуваќи го уредот со енергија. Нема ривал за нови искористувања, како 4К видео, единечен кабел за полнење, екстерна графика и вградено 10 GbE вмрежување. Првите производи се очекува да почнат со испорака пред крајот на оваа година, повеќе во 2016.
Петтата генерација на Intel Core фамилијата сега дополнително го вклучува првиот LGA socketed десктоп процесор со интегрирана Iris Pro графика, Интеловиот најмоќен графички процесор за корисници и медиа енџин. Понискиот 65 ватен термален дизајн (TDP) дозволува целосни PC перформанси кај широка палета на производи со различна форма, вклучувајќи помали и потенки мини персонални компјутери и се-во-едно десктопи, овозможувајќи до двапати подобрена 3D графика, 35 проценти побрза видео конверзија и 20 проценти поголеми пресметувачки перформанси во споредба со претходната генерација на процесори.
Интел ги најави и Intel Core мобилните процесори и IoT со интегрирана Intel Iris Pro графика. Оптимизирани за гејмери и креатори на содржини, Интел-овите најбрзи мобилни процесори имаат интегрирана Intel Iris Pro графика 6200 и овозможуваат до двапати повисоки компјутерски перформанси и двапати подобри 3D графички перформанси споредено со сегашната генерација. Овие процесори се идеални за медицински, јавни или индустриски IoT апликации со инклузија на важни опции за моќни IoT дизајни, вклучувајќи “ECC memory“ поддршка, Intel vPro технологија и нудат седум години достапност.
Нагласување на напредокот кон иднина на целосно безжични компјутерски искуства, Интел ја најави соработката со Targus за да овозможат безжични решенија за полнење базирани на Rezence стандардот. Интел исто така неодамна најави договор со кинеската компанија Haier за да донесат безжнични решенија за полнење во ресторани, хотели, кафулиња и аеродроми во Кина кон крајот на оваа година. Покрај тоа, Интел ќе работи со членовите на A4WP, Foxconn Interconnect, Basecom, како и производителите на оригинални дизајни BYD, Primax и Kokuyo за да испорачаат решенија за безжично полнење на пазарот кон крајот на оваа година.

Новости за центри за податоци
Интел ја претстави фамилијата на процесори Intel Xeon processor E3-1200 v4, првпат Xeon процесорска линија да вклучува интегрирана Intel Iris Pro графика P6300. Направен на 14nm процесирачка технологија и дизајниран за визуелно интензивни работни задачи базирани на клауд како и висока дефиниција (HD), транскодирање на видео, оваа фамилија на продукти овозможува до 1.4 пати подобри перформанси за транскодирање на видео, како и до 1,8 пати подобри перформанси за 3D графика во споредба со претходната генерација

Клучни зборови: