Корпорацијата Интел денес го претстави семејството на процесори Intel Xeon E7-8800/4800 v3. Семејството го чинат 12 модели на процесори, вклучувајќи оптимизирани процесори за различни сегменти како два високо-фреквентни модели, дизајнирани за апликации кои побаруваат најбрзи јадра.
Информациите во реално време се врвен приоритет на компаниите низ цел спектар на индустрии, од здравството, продажбата, до телекомуникациите, помеѓу другите. Потребата за брз увид во обемните податоци ја движи потребата за нови технологии за in-memory компјутинг. Семејството процесори Intel Xeon E7-8800/4800 v3 на корисниците ќе им овозможи безбедна обработка на обемни податоци од системската меморија овозможувајќи им побрзо донесување на одлуки и подобрена оперативна ефикасност, зголемувајќи ја нивната конкурентност на пазарот.
Со 20 нови светски рекорди во перформанси кај широк спектар од mission-critical апликации, новото семејство на процесори постигнува 40 отсто подобрување на просечните резултати во споредба со претходната генерација. Процесорите донесуваат подобрувања до 6 пати во поглед на процесирањето и перформансите кај бизнис апликации за in-memory трансакциони работни задачи оптимизирани со новиот Intel Transactional Synchronization Extensions (Intel TSX).
Со 18 јадра, се добива 20 отсто подобрување на јадрата во споредба со претходната генерација, до 45 мегабајти last-level кеш, ова семејство процесори испорачува до 70 отсто повеќе аналитички сесии на час. Во исто време се обезбедуваат до 85 % пониски трошоци за поседување, споредено со алтернативните RISC архитектури, со намалување на цената на набавка на хардверот, потрошувачка на енергија и на ладењето.
Процесорите поддржуваат конфигурации до 32 лежишта, со поддршка за најголемиот капацитет на меморија по лежиште (сокет) во индустријата (системи со 8 лежишта се способни да поддржат до 12 терабајти DDR3 или DDR4 мемориска технологија).
Новите безбедносни и сигурносни можности, вклучувајќи зголемени криптографски перформанси преку најновиот стандард Intel Advanced Encryption Standard New Instructions (Intel AES-NI), како и дополнителните микроархитектурни промени, Intel Run Sure Technology, се уникатен спој на сигурност, достапност и сервисибилност за новата фамилија Intel Xeon processor E7, подобрена со нови дизајни за понатамошно обезбедување на five nines достапност за mission-critical апликации.
Започнувајќи од денес, 17 произведувачи на системи од целиот свет ќе почнат со претставување на платформи базирани на Intel Xeon processor E7 v3 фамилијата на процесори. Овие произведувачи според најавите ги вклучуваат: Bull, Cisco, Dell, Fujitsu, Hitachi, HP, Huawei, Inspur, Lenovo, NEC, Oracle, PowerLeader, Quanta, SGI, Sugon, Supermicro и ZTE.
Intel Xeon processor E7 v3 фамилијата на процесори ќе биде понудена со 12 различни модели на процесори со распон на цената од 1 224 долари до 7 175 долари во количини од 1 000 парчиња.
Целосен ценовник е достапен тука