Рубрика: Информатика
Пријавете се на натпреварот за “Интернет на нештата“
Автор: Сашко Таневски
Објавено на 28.04.2015 - 17:23

“Ако првата револуција во светот на информатичката технологија беше изумот на компјутерот, втората револуција е појавата на интернетот, тогаш “Интернет на нештата“ можеме слободно да го наречеме третата голема ИТ револуција што во моментов почнува, а која допрва ќе се разгори во светот“ – смета Мартин Михајлов, професор на Економскиот факултет при УКИМ - Скопје. “Интернет на нештата“ (Internet of Things, IoT) не е утописка идеја за иднината, туку фундаментален концепт кој веќе го менува животот, кој има сè поголема примена во здравството, транспортот, во компаниите што се занимаваат со автоматизирано производство на материјални добра и каде сè не.
Токму поради неговото значење, Дојче телеком како компанија што постојано поттикнува иновации во телекомуникациите со цел да им го подобри деловниот и приватниот живот на своите корисници, го создаде и натпреварот Business Wall of Fame, за избор на најдобри македонски решенија за “Интернет на нештата“ (IoT). Конкурсот започна на 20. април и ќе трае до 25. мај 2015. Гласањето на бизнис корисниците е од 11 мај до 22 јуни 2015. Победниците ќе бидат објавени на 7 јули 2015 и ќе обезбедат учество на меѓународниот натпревар за иновации на Телеком којшто ќе се одржи во втората половина на 2015 година.
Според Д-р Златко Муцунски, генерален директор, Порше Македонија: “Паметните автомобили сè повеќе навлегуваат на глобалниот пазар како значаен дел од “Internet of Things”. Порше Македонија, во соработка со Македонски телеком, работи на локализација и приспособување на овој глобален тренд на македонскиот пазар."
Платформата “Интернет на нештата” не е нешто далечно и за нас. Напротив, вакви решенија се користат и во Македонија. Пример се апликациите Fleet management и SmartWine, креирани во партнерство со Т-Мобиле Македонија и Македонски телеком. Првата е апликација за следење на автомобилската “флота“ на компании што се занимаваат со превоз или диструбуција, која Македонска пошта ја воведе во 2012 година. “Во овој период од речиси 4 години, постигнати се директни заштеди од повеќе од 20% и зголемување на ефикасноста на доставување на пратките за повеќе од 30%. Свесни сме дека овој резултат немаше да го постигнеме без успешната имплементација на оваа технологија на Македонски телеком, прилагодена за нашите потреби“- велат од Македонска пошта.
SmartWine, пак, е апликација за интелигентно следење на лозови насади, засновано на cloud сензорска мрежа што се поставува на насадите. Овие мрежи овозможуваат 24-часовно следење и информации за состојбата, и во случај на опасности, системот го алармира корисникот да ги преземе потребните мерки, со што го намалува ризикот на минимум. “Ние сме компанија која верува дека континуирани инвестиции во технологијата со цел унапредување на нашиот процес на производство на вино ќе нè направат единствени и конкурентни. Затоа, IP технологијата и М2М, односно, поврзани машини се дел од нашата стратегија за континуирана контрола и навремена реакција за постигнување на висок квалитет на производите, што претставува и наш најголем императив. Во оваа насока, Македонски Телеком ни е примарен партнер од доменот на дигиталните технологии и поврзани луѓе и машини." Смета Цветанка Ицева, менаџер за ИТ, Винарска визба “Тиквеш“
IoT ќе има значително влијание врз бизнисот, а до 2020 се очекува над 26 милијарди уреди да бидат поврзани преку интернет! Затоа во иднина, компаниите колку побрзо го воведуваат и го користат Интернет на нештата (Internet of Things - IoT), ќе можат да ја зајакнат својата конкурентност, продуктивност и ефикасност.
Тоа ќе значи целосно поинакво секојдневие, нов начин на користење на домашните уреди, мобилните и јавните сервиси, споделување информации, нов начин на организирање на слободното време, како и поинакво користење на медицината.

За натпреварот
Натпреварот е наменет за сите компании кои до сега немале можност, а сакале да ги промовираат своите IoT решенија и да ги направат достапни за широката јавност. Најдобрите IoT решенија ќе влезат во финалето според бројот на добиени гласови од гласачи и поддржувачи на нивните решенија, по што стручно жири ќе ги избере победниците од националниот и од меѓународниот натпревар. Учесниците можат да го зголемат бројот на гласовите и шансите за победа со активирање на заедницата да гласа за нив.
Исто така, и гласањето може да се исплати. Сите компании и нивните вработени кои ќе се вклучат во натпреварот за да гласаат доколку се регистрираат и како поддржувачи на IoT решенијата што се нивен фаворит, имаат можност да си обезбедат маркетинг кампања во вредност од 20 000 евра заедно со победничкото IoT решение.
Повеќе за натпреvарот, категориите, наградите и околу распоредот на настаните тука

Клучни зборови: