Рубрика: Астрономија и астронаутика
Нов воведен курс по астрономија
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 30.03.2015 - 13:17

Сакате да го продлабочите вашето знаење од астрономијата и науката воопшто? Доста Ви е од досадните сапуници по телевизиите? Сакате да дознаете што се случува во Вселената? Еве Ви шанса да им се доближите на ѕвездите. Скопското астрономско друштво им излегува во пресрет на сите љубители на астрономијата да го направат првиот чекор во оваа интересна наука.
Почнувајќи од 2-ри април, Скопското астрономско друштво го организира 18-тиот по ред Воведен курс по астрономија. Целта на курсот е посетителите да се запознаат со основните принципи и факти од областа на астрономијата, без притоа да им бидат потребни предзнаења од оваа наука. Низ секојдневни примери, многу слики, анимации и неколку важни равенки, предавачите од САД ќе се обидат на сите заинтересирани да им ги доближат астрономските термини и нивното значење. Курсот е обмислен да ги следи темите коишто ги обработува кој било учебник по астрономија.
Сите заитересирани повеќе информации може да најдат на веб-страницата на Скопското aстрономско друштво - тука

Клучни зборови: